Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
2Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
АвтомобилизамСе враќа легендарното купе на Хонда: Прелуд ќе вози и на бензин (ВИДЕО)Вистинска бомба доаѓа од саемот за мобилност во Јапонија.Во напливот на исклучително интересни новитети се појави еден чие име силно одекна сѐ до Европа. Хонда е одговорна за тоа, а тоа е Прелуд. Тој модел преживеа пет генерации, а од салонот исчезна во 2001 година. Honda сега ја разгоре фантазијата прикажувајќи го концептот, а потоа дополнително го поттикна со последователна објава, во која откри дека Prelude е хибрид. Концептот Prelude е повеќе од само концепт, тој е, како што вели Honda, сериски автомобил. Визуелно, Prelude не се потпира на своите претходници. Пред сѐ, тоа се однесува на драстично зголемување на димензиите, а напред автомобилот добива нов дизајнерски потпис сличен на неговите ривали. Некои веќе го споредуваат со Тојота, најмногу поради светлата. Спортското педигре го открива силуетата на автомобилот, како и деталите како дискретниот заден спојлер или значката Brembo на сопирачките зад бандажите од 20 инчи. Прозорците, пак, се толку затемнети што вешто ја кријат внатрешноста, која веројатно се уште не е финализирана. I’m confused: If it’s EV, then why has Honda given it FWD proportions? They could literally make it look like anything. Instead, they’ve given us an electric Civic coupe which is neat but… could be proportioned better. — Ross Litman (@LitmanRoss) October 25, 2023 Не се знае и што се крие под хаубата, освен што се работи за хибриден погон. Кој знае, можеби ќе има доволно храброст за да се појави верзија Type-R. „Овој модел ќе стане вовед во нашите идни модели кои ќе ја наследат „радоста на возењето“ во целосно развиена електрифицирана иднина и ќе го отелотворат непроменливиот спортски начин на размислување на Honda“, рече извршниот директор на Honda, Тошихиро Мибе во својот говор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаинЗаплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44). Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана. Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАктери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење. Актерка сподели снимка од прославата Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) „А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото. Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење. Вучиќ го призна поразот За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.Тагови: актерите Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатитеЗаостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен. Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter