Се враќа „Капетан Америка“, фановите со оценка за тизерот (ВИДЕО) - Канал 5

Се враќа „Капетан Америка“, фановите со оценка за тизерот (ВИДЕО)

Marvel го објави првиот тизер за филмот Captain America: Brave New World, во режија на Џулиус Она. 

Се враќа „Капетан Америка“, фановите со оценка за тизерот (ВИДЕО)

„Храбриот нов свет“ е четвртиот дел од серијалот Капетан Америка и исто така првиот филм во кој насловната улога на Капетан Америка ја доби Сем Вилсон (Ентони Меки), попознат како суперхеројот Фалкон.

Стив Роџерс (Крис Еванс), поранешниот капетан Америка, му ја остави титулата и легендарниот штит на својот пријател и помошник Сем на крајот од филмот Avengers: Endgame. Роџерс потоа се збогуваше со своите колеги и се врати во времето за да го помине остатокот од животот со агентката Пеги Картер.

Самиот Вилсон тогаш беше виден во мини-серијата „Соколот и зимскиот војник“, во која новопечениот капетан Америка се обидува да се навикне на својата нова титула.

Заплетот на претстојниот филм се одвива по минисеријата, а во тизерот гледаме како американскиот претседател Тадеус Рос (Харисон Форд) сака Капетан Америка да стане агент на американската влада. Откако непознати сторители се обидоа да го убијат претседателот, Капетан Америка мора да открие кој стои зад заговорот. На крајот од тизерот накратко го гледаме негативецот од стрипот Red Hulk.

YouTube video

Заедно со Меки и Форд, во филмот играат Дени Рамирез, Шира Хас, Ксоша Рокемор, Карл Лумбли, Лив Тајлер, Тим Блејк Нелсон, Џанкарло Еспосито, Такехиро Хира, Сет Ролинс и Роза Салазар. Сценариото го напишаа Малколм Спелман, Далан Мусон и Метју Ортон.

Тизерот за Captain America: Brave New World на YouTube е прегледан повеќе од десет милиони пати и собра околу 386 илјади лајкови и 123 илјади дислајкови. И покрај големиот број на дислајкови, коментарите на социјалните мрежи се главно позитивни.

„Секоја чест за оној што го монтира овој трејлер. Ме потсетува на Зимскиот воин“, напишал еден фан.

„Тизерот не е мерка за финалниот производ, но ова изгледа прилично забавно и возбудливо“, додаде друг.

„Во ред, трејлерот изгледа подобро од очекуваното“, додаде трет.

Капетан Америка: Храбар нов свет ќе се појави во кината следната година, на 12 февруари 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Министерство за култура и туризам информира дека Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“  распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за  2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда, под условите определени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици

Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски”.

ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици

Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024 година, на Одделот за интерни болести во болницата, несовесно лекувале 40-годишна пациентка, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба кое резултирало со смртен исход.

Пациентката се јавила во болницата по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнение за воспаление на вените – тромбофлебитис. Но, по почетниот преглед на интерното одделение, без целосна анамнеза и детални анализи, и била поставена дијагноза – ревматоиден артритис и била дадена терапија, по што била пуштена дома.

Како резултат на тоа, не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба, со што била пропуштена реална можност за навремено откривање и лекување на тромботичниот процес кај оштетената, за спречување или ограничување на напредувањето на тој процес, како и на последователното влошување на нејзината здравствена состојба.

На 01.06.2024 година пациентката со силни болки во стомакот и влошена општа состојба повторно се јавила на преглед во болницата. Иако тогаш била хоспитализирана, во следните четири дена, и покрај абнормалните вредности на лабораториските и биохемиските анализи, ниту еден од дежурните лекари не презел дополнителни дијагностички испитувања со цел да се испитаат причините и да се одреди соодветна терапија.

Затоа здравствената состојба на оштетената продолжила значително да се влошува. Попладнето на 04.06.2024 година, таа побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба. При итно извршениот хируршки зафат и била констатирана тромбоза на горната и долната мезентерична артерија со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Таа состојба веќе била неоперабилна и на 05.06.2024 година оштетената починала, стои во соопштението од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија

Неславен крај на една огромна кариера – на Кристијано Роналдо му се заканува суспензија, навивачите предизвикаа хаос на аеродром.

 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ги напушти репрезентативните подготовките и во текот на ноќта пристигна во Мадрид, а според дисциплинскиот правилник на Фудбалскиот сојуз на Португалија, му се заканува суспензија во траење од еден до шест месеци, како и парична казна.

Роналдо го напуштил аеродромот „Барахас“ околу 2:40 часот по локално време, по лет од Копенхаген кој траел приближно три часа. Неговото излегување од аеродромот привлече голем број навивачи, а во еден момент неколкумина од нив ја пробиле безбедносната зона во обид да ја видат португалската ѕвезда.

Заминувањето на 41-годишниот напаѓач на Ал Наср може да повлече сериозни дисциплински последици.

Според Дисциплинскиот правилник на Португалската фудбалска федерација (FPF), играч кој е уредно повикан во националниот тим, а неоправдано ќе го напушти или нема да присуствува на тренинзи, натпревари или активности на репрезентацијата, може да биде казнет со суспензија во траење од еден до шест месеци.

За професионалните фудбалери е предвидена и дополнителна парична казна од пет до десет пресметковни единици, што во овој случај изнесува приближно 500 до 1.000 евра. Во членот 160 од правилникот исто така се наведува дека отсуството или напуштањето на репрезентативните активности може да доведе до автоматска превентивна суспензија на играчот.

Инаку се започна пред дуелот во Осло меѓу Норвешка и Португалија.

Тензиите станаа очигледни по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка во Осло. Роналдо беше стартер во победата од 1:0 над Велс во првото коло од групата А4 во Лигата на нации, но следниот натпревар против Норвешка го започна од клупата за резерви. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не настапи. По завршувањето на натпреварот, португалскиот капитен незадоволен се упати кон соблекувалната и не остана со соиграчите за време на поздравот со навивачите. Ситуацијата дополнително ескалираше следниот ден. Роналдо се ограничи на вежбање во теретаната на хотелот каде што престојуваше репрезентацијата, иако се појави на местото каде што се одржуваа тренинзите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер