Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто

Климите во лето не пониско од 27 степени, а во зимо не повисоко од 20 степени, целосно да се исклучи осветлувањето во излозите по работното време, декоративното осветлување на фасадите и сите јавни објекти и културни споменици.

Ова се само дел од мерките кои ќе бидат задолжителни за државните институции од први септември. Планот на Владата е на овој начин да заштеди 15% од потрошувачката на електрична енергија... Раководителите на институциите секој месец треба да поднесуваат извештај до Владата колку струја заштедиле споредено со истиот месец лани. Ако не покажат резултат за нив ќе следат санкции, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Како ќе се казнуваат тие раководители, владата допрва ќе одлучува.

Слични мерки има за фирмите и домаќинствата, но тие немаат задолжение да се придружуваат до нив. Болјерот, машината за перење алишта и за миење садови да работат само на ефтина струја, да се готви во помали садови или соодветни за ринглата. Да се заменат сијалиците со енергетско ефикасни... ова се дел од препораките за домаќинствата кои немаат задолжение да се придржуваат до нив. Препораките се носат со цел да се намали потрошувачката на струја за претстојната зима. Бектеши уверува дека доколку се оди по планот - рестрикции нема да има.

План има и за најлошото сценарио, велат надлежните кои уверуваат дека во моментов земјава струја не увезува и сите потреби се задоволуваат од домашните капцитети. ЕСМ во првите 7 месеци годинава, дури го зголемило домашното производство за 15%. Директорот Ковачевски уверува дека се подготвуваат сите домашни капацитети за претстојната зима

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер