АЦВ реализираше регионална средба посветена на клучните предизвици и приоритети за развој на цивилното воздухопловство
2АЦВ реализираше регионална средба посветена на клучните предизвици и приоритети за развој на цивилното воздухопловство
Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
1Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
МакедонијаСе воведува пред финансирањето за поголема искористеност на средствата од ИПАРД фондовитеСе воведува пред финансирањето за поголема искористеност на европските развојни фондови. Сите кои ќе склучат договор за искористување на пари од ИПАРД фондовите ќе може да добијат пари без камата на 5 до 7години отплата од државата со цел да се забрза отворањето на нови современи капацитети во земјоделството. Стопанственици, агробизнисмени, професори и претставници од земјоделските здруженија од стопанската комора на дебата со министерот за земјоделство разговараа како да се надминат некои проблеми кои се пречка за долгорочен развој на секторот земјоделство. Оваа економска гранка е една од позначајните во стопанството која придонесува со 13% во БДП а со правилно дизајнирање на мерките може да зборуваме во иднина и за двојно поголемо значење на земјоделството ако наместо како суровина се повеќе извезуваме производи со додадена вредност потенцираше министерот за земјоделство. Науката предлага да се воведат субвенции за семејствата кои имаат средношколци во земјоделски училишта или студенти на земјоделските факултети за да се запре загрижувачки малиот интерес за идни агрономи како основа за долгорочен развој на секторот кој има неискористен производен потенцијал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНовата учебна година во Скопје со современи услови за ученицитеНовата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и современи услови за учениците. Во текот на летниот период беа реализирани низа инвестиции во образовната инфраструктура, со цел создавање поквалитетна и инспиративна средина за учење. Обновени и опремени се кабинети по математика и физика, лаборатории по хемија и биологија, а училиштата добија современа наставна опрема, интерактивна технологија, дидактички помагала и нов мебел. Посебно внимание е посветено на практичната настава преку современи лаборатории и изградбата на паметен пластеник, каде учениците ќе имаат можност практично да ги применуваат знаењата од науката, технологијата и земјоделството. Дополнително, изградени се и нови современи спортски терени, со што се создаваат подобри услови за спорт, физичка активност и здрав развој на младите. Со овие инвестиции, Скопје продолжува да гради образование што ја поттикнува љубопитноста, креативноста и практичните знаења и ги подготвува младите за професиите и предизвиците на иднинатаТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЦВ реализираше регионална средба посветена на клучните предизвици и приоритети за развој на цивилното воздухопловствоАгенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), во соработка со EUROCONTROL, во Скопје реализираше дводневна регионална средба посветена на клучните предизвици, приоритети и идни насоки за развој на цивилното воздухопловство. На состанокот учествуваше висока делегација од EUROCONTROL, предводена од генералниот директор г-дин Раул Медина, како и генерални директори и експерти од воздухопловните власти и “контролите на летање” на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Црна Гора, Романија и Србија. Средбата овозможи отворен и конструктивен дијалог за прашања од стратешко значење за регионот, со посебен акцент на заедничките предизвици, размената на искуства и можностите за натамошно унапредување на европската воздухопловна мрежа. Во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и променливи геополитички околности, југоисточниот дел на Европа добива сè поголемо значење во рамките на европскиот воздухопловен систем. Во тој контекст, беше нагласена потребата од координиран пристап, навремено планирање и продлабочување на регионалните партнерства, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност, ефикасност и отпорност на воздушниот сообраќај. Во фокусот на разговорите беа и низа актуелни прашања од областа на воздухопловниот транспорт, како што се, зголемувањето на капацитетите во услови на растечки сообраќај, отпорноста на системите и сајбер-безбедноста, цивилно-воената координација, модернизацијата и дигиталната трансформација на управувањето со воздушниот сообраќај (ATM), интеграцијата на нови учесници во системот, како и развојот на човечкиот капитал и стекнувањето на нови знаења и вештини потребни за иднината. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, во своето воведно излагање, истакна дека, одржувањето на оваа значајна регионална иницијатива во Скопје претставува потврда за активната улога и придонесот на Република Македонија во развојот на регионалната воздухопловна соработка. „Овој состанок е значајна можност за отворена размена на искуства, знаења и најдобри практики со партнерите од регионот и EUROCONTROL. Во време на брзи промени и нови предизвици во воздухопловниот сектор, ваквиот вид регионален дијалог е од особено значење за навремено препознавање на потребите и заедничко креирање на решенија, кои ќе придонесат кон поголема безбедност, ефикасност и отпорност на воздухопловниот систем“, истакна Стојаноски. Тој додаде дека ваквите иницијативи се значаен придонес и кон јакнењето на институционалните капацитети и натамошното усогласување со европските стандарди и современите трендови во цивилното воздухопловство. Агенцијата за цивилно воздухопловство останува посветена на унапредувањето на меѓународната и регионалната соработка, размената на знаења и искуства и создавањето услови за стабилен, безбеден, ефикасен и отпорен воздухопловен систем, способен да одговори на идните потреби на патниците, индустријата и европската воздухопловна мрежа. EUROCONTROL, пак, преку Програмата за поддршка на државите (Support to States Programme) и својата функција на Менаџер на европската мрежа (Network Manager), продолжува да обезбедува експертска поддршка, современи алатки и специјализирани решенија за националните воздухопловни администрации, во согласност со нивните приоритети и специфични потреби. АЦВТагови: АЦВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимовска ја презеде функцијата претседател на кривичниот судНовоизбраната претседателка на основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, денеска пред судскиот совет даде свечена изјава.Димовска, која изминатите 14 месеци ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на судот, порача дека ќе продолжи со досегашното темпо на работа и како клучни приоритети ги посочи одржувањето на ажурноста на судот, намалувањето на заостанатите предмети, целосната анонимизација на судските одлуки и унапредувањето на транспарентноста преку нова веб-страница. Како најголем предизвик во работењето на судот, таа го посочи недостигот од кадар, нагласувајќи дека институцијата функционира со значително намален број вработени.Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter