БалканСе влошува состојбата со вирусот во регионот, дел од државите повторно воведуваат вонредна состојбаЗемјите од регионот почнаа да размислуваат за враќање на рестриктивните мерки, откако ситуацијата со коронавирусот повторно ескалираше со зголемен број на заразени и починати. Предвременото олабавување на мерките во Србија ја втурнаа државата во нова здравствена криза, а вонредна состојба веќе е прогласена во неколку градови. Во еден од најпогодените, Нови Пазар, поради исполнетите капацитети во болниците, беше објавена и потресна фотографија од девојче како прима инфузија пред болницата. Србија до сега има над 16 илјади заболени и преку 300 починати. Дел од здравствените власти во оваа држава, по изборите кои се одржаа минатиот месец, почнаа да ја менуваат реториката и да повикуваат на почитување на мерките. -Очекувавме дека топлината ќе ја убие Короната, како што најавуваа и членовите на кризниот штаб?Значи не може да се каже дека е целосно изненадување ова, изненадување е тој експлозивен пренос на вирусот, со самото намалување на мерките, сосема јасно можеше да се очекува да дојде до некое зголемување на преносот, но исто така можеше да се очекува дека со топлото време вирусот да се изгаси. Тоа го очекувавме,Но, тоа не се случи? Не се случи, и тоа е јасно,вели Предраг Кон – Епидемиолог. Лошата епидемиолошка слика на Србите им ја спушти и рампата кон Егејското море. Грчките власти повторно одлучија да забранат влез на српски туристи, овој пат до 15 јули. Но, на дел од нив пак кои на бугарско-грчката граница поминаа цел ноќ сепак им беше дозволен влез. Во Црна Гора пак, која до неодамна имаше мал број на заразени, се погласно се размислува и за воведување на карантин на главниот град Подгорица. -Во моментов ситуацијата е сериозна, мислам дека граѓаните ја разбраа сериозноста, мислам дека се однесуваат дисциплинирано и дека понатамошната примена на мерките ќе има ефект врз и одговорноста што ја имаме кон самите себе и семејствата,изјави Небојша Кавариќ – Член на кризен медицински штаб. Од регионот поради зголемениот број на случаи и Косово најави воведување на полициски час во четири градови, вклучително и во Приштина. Тамошниот премиер Хоти најави зголемен број на тестирања, но реорганизација на клиничкиот центар, а на располагање ќе бидат ставени и приватните болници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32