Се венчале пред три месеци и чекале дете- сега загинаа при судир со чамци во Венеција - Канал 5

Се венчале пред три месеци и чекале дете- сега загинаа при судир со чамци во Венеција

Пронајдено е телото на 26-годишната Бразилка Габриела Кверино, која исчезна по тешка несреќа во венецијанската лагуна.

Се венчале пред три месеци и чекале дете- сега загинаа при судир со чамци во Венеција

Нејзиниот сопруг, 25-годишниот италијански рибар Шон Микиели, исто така загина во судирот меѓу нивниот мал чамец и водното такси.

Двојката се венчала пред само три месеци и го очекувале своето прво дете, објавија италијанските медиуми.

Телото на младата жена е пронајдено по тридневна потрага во близина на островот Кампалто, на околу два километри од местото на несреќата. Веста ја потврди и градоначалникот на Венеција, Симоне Вентурини.

„За жал, телото на Габриела Кверино е пронајдено во лагуната. Со ова откритие, последната надеж е згасната и трагедијата што го држеше целиот град во неизвесност во последните неколку дена завршува на најболен начин“, рече Вентурини.

Тие заминаа со чамец пред зори.

Несреќата се случи рано наутро во саботата во каналот Тесера, кој ја поврзува Венеција со областа на аеродромот Марко Поло.

Микиели и Кверино го напуштиле Бурано околу пет часот наутро. Тој работел како рибар, а неговата сопруга често го придружувала. Тоа утро отишле да земат мамка за риболов.

Околу половина час подоцна, нивниот мал чамец се судрил со водното такси.

Микиели бил пронајден сериозно повреден по судирот. Тој претрпел сериозна повреда на главата и бил итно опериран во болница во Местре, но лекарите не можеле да го спасат.

По судирот, на Габриели ѝ се изгубила секаква трага.

Нуркачи и хеликоптери трагале со денови

Пожарникари, карабинери, нуркачи, хеликоптери и пловила прилагодени за пребарување на плитки делови од лагуната се вклучени во потрагата.

Претходно, нејзината чанта, документи и лични работи биле пронајдени во водата, а истражителите биле убедени дека таа била во чамецот со својот сопруг во времето на судирот.

Телото на крајот било пронајдено во Кампалто. Според првите прегледи, на него биле забележани повреди што одговараат на несреќата, а обвинителството наредило обдукција на двете жртви.

Се испитува возачот на водното такси

Италијанското обвинителство отвори истрага поради сомнение за кривично дело убиство во поморски транспорт.

38-годишниот возач на водното такси е под истрага. Тој им рекол на истражителите дека не го видел малиот чамец пред судирот.

Останува да се утврди со која брзина се движело таксито, дали двата екипажа правилно ги користеле светлата и дали имало грешки во маневрирањето. На тој дел од каналот нема камери за да се сними судирот.

Истражителите се обидуваат да пронајдат и двајца американски туристи кои биле во водното такси и би можеле да бидат клучни сведоци на несреќата.

Габриела била од Рибеирао Прето, Бразил, и живеела во Италија околу две години. Таа и Микиели се венчале во Венеција во јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна од СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, па продолжи со Вучиќ.

Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции.

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови.

Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки.

Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ.

Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ.

Така што, кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија.

Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ.

И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива.

Едноставно кажано, Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно исто. Прво паднаа СДС, кои сега е едвај трета партија, додека во Скопје петта, а во Куманово и последните избори во Брвеница четврта, заедно со Заев и Филипче, а по нив сега падна и Вучиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Во украинскиот град Олешки,кој е под руска окупација, започна примирје за хуманитарна помош.Прекинот на огнот треба да овозможи снабдување со залихи и евакуација на цивилите.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Примирјето беше најавено минатата недела од првата дама на САД, Меланија Трамп.

Руското министерство за одбрана соопшти дека престанало да пука кон Херсон.Украинскиот комесар за човекови права, потврди дека примирјето започнало.Тој нагласи дека украинската страна ги почитува преземените обврски.олешки беше заземен од руските сили во февруари 2022 година, на почетокот на инвазијата.пред војната, градот имал околу 24.000 жители.

Според украинските проценки, во градот и околината сè уште живеат околу 6.000 луѓе.меѓу нив има и околу 200 деца, кои се соочуваат со тешки хуманитарни услови.жителите имаат сериозен недостиг од храна и други основни потреби.белата куќа соопшти дека Меланија Трамп посредувала за примирјето со цел да им се помогне на цивилите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

Израелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот.

Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада.

Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер