СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
1СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
3Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
СветСе уште се бројат гласовите од изборите во САД ,Бајден е поблиску до победатаИ два дена по изборите за претседателот на Соединетите американски држави, Американците во неизвеност кој ќе ја води државата во следните четири години.Се уште се бројат гласовите од претседателските избори во САД .Бајден е поблиску до победата . Тој му се приближи на Трамп во Пенсилванија и Џорџија. Сега резулататот е 264 за Бајден ,а 214 електорати за Трамп. Тој ги задржа тесните предности во невада и аризона, приближувајќи се кон обезбедување на 270 гласови во изборниот колеџ што го одредува победникот. Трамп без да обезбеди никакви докази, обвини за измама во државите од каде сè уште доаѓаат резултати и се закани со правна постапка низ целата земја. Со досега 253 гласачи во изборниот колеџ, сите погледи се насочени кон пребројувањето на гласовите во Пенсилванија, каде што Бајден продолжи да му се приближува на Трамп. Бајден ќе стане следниот претседател ако ја освои пенсилванија, или две држави од тројката: Џорџија, Невада и Аризона. Трамп пак треба да ги задржи предностите во Пенсилванија и Џорџија. Трамп започна со правни активности предизвикувајќи го процесот на пребројување, притоа ставајќи сомнеж во резултатите од изборите. Штабот на Трамп, исто така, побара да се покрене случај во Врховниот суд на САД, оспорувајќи го правилото на Пенсилванија што и дозволува на државата да ги брои гласачките ливчиња по пошта кои ќе пристигнат до три дена по денот на изборите.. Постојат судски пресуди со кои се дозволува пребројување на тие гласови во државите каде што тоа го дозволува локалното законодавство. На брифингот во Белата куќа тој уште еднаш тврдеше, без докази, дека демократите „се обидувале да ги украдат изборите“. „сметаме дека ќе има многу судски спорови“, рече Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА. Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена. Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени. На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина. Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена. Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАрсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари. Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите. Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб. Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ. Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб. Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор. Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии. Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори. Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб? Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска? Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook