Се уште нема трага по 16 годишното девојче кое пред три дена исчезна во Струмица - Канал 5

Се уште нема трага по 16 годишното девојче кое пред три дена исчезна во Струмица

Оставила писмо доцна во ноќта дека си заминува од дома и од тогаш и се губи секаква трага.. 

Се уште нема трага по 16 годишното девојче кое пред три дена исчезна во Струмица

Семејството на 16 годишната Барије Муслиовска очајно моли за помош да ја пронајде својата ќерка која се води за исчзената од пред четири дена, кога ја добиле последната порака во која напишала „добро сум“. Нејзиниот татко Самет Муслиовски вели дека се сомнева оти е избегана со со 16 – годишното момче чија врска тие не ја одобрувале. Како што тврди тој, неодамна момчето и пишало на мајката на Барије на социјалните мрежи дека „на овој или оној начин“ ќе ја земе.

-Мислам дека имаше поддршка од татко му, се обидовме со таткото, биле и полиција кај него, тој тврди дека не знае ни синот каде му е, синот негов не е пријавен... На девојчето и беше забрането со дечково да се види, дечково порака кај сопругава оставил дека „милом-силом“ ние ќе ја земеме,- Самет Муслиовски – татко на Барије Муслиовска.

Муслиовски вели дека избезумено секојдвено бдее над телефонот да добие некоја информација повеќе од полицијата која веќе трага по малолетничката, која тврди никогаш претходно не избегала од дома.. вели не знае ни дали е жива.. апелира до граѓаните ако ја препознаат веднаш да ги контактираат надлежните..

-Во моментов уништено, чедово ми го нема, не знам ни дали е живо ни дали е мртво, немаме никаква информација, ниту се јавила, ниту пишала, првиот ден кога избегала и пишала на мајка и порака дека е добро и од тогаш веќе ја нема, тоа беше последно, на 8.8 порака и толку... Не знам дали е жива или мртва и тоа сум на „штрек“ чекам и тоа и тоа да дознаам сега...- Самет Муслиовски – татко на Барије Муслиовска.

Таткото вели дека очекува поинтензивна потрага за нејзината ќерка бидејќи со денови нема никаква информација. Од МВР за Канал 5 велат дека полицијата веќе ги презема сите мерки за нејзиното пронаоѓање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев ја демантира СДСМ за водата набавена од Владата за Гостивар

Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. 

Јанчев ја демантира СДСМ за водата набавена од Владата за Гостивар

- По обвинувањата од СДСМ дека владата без јавен оглас и тендер склучила договор за набавка на вода за пиење за Гостивар со Кожувчанка, како сопственик на Кожувчанка можам да кажам дека по јавниот оглас кој што го имаше Владата, односно општата служба за заеднички работи и по мои насоки, Кожувчанка конкурираше на огласот и го доби самиот оглас во вредност од 6 милиони денари со цена на чинење на вода од 12,5 денари за 1,5 литри шише односено до Гостивар со вклучен ДДВ. Сакам да кажам дека моите насоки до управителот беа редовната цена која што ја имаме од 25 денари за шише од 1,5 литри Изворска да биде со 50 проценти намалена, односно да биде намалена на 12,5 денари, со тоа што и самата компанија Кожувчанка партиципира во цената, истакна Јанчев.

Со демант се јави и Компанијата Кожувчанка, соопштението го пренесуваме во целост.

Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари. Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија. Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општината Гостивар, а се’ со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа е им најпотребно. Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина

Во 2023 год. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше над 56 милион евра во компанијата Eldorado Gold, финансирајќи го развојот на проектот „Скуриес“ во северна Грција. Ние се уште спиеме. Длабоко сон.

И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина

Инвестицијата од реномирана институција како ЕБОР, која има строги критериуми за заштита на животната средина и одржливост, јасно покажува дека отворањето на нови рудници денес се темели на одговорен пристап.
Проектот „Скуриес“ каде ископот веќе се одвива, се очекува наскоро да почне и со преработка со што ќе стане главен „играч“ на ЕУ за обезбедување бакар и злато — ресурси кои се од суштинско значење за глобалната економија и, што е уште поважно, за зелената транзиција. Бакарот е клучен метал за развојот на обновливите извори на енергија и електричните возила, со што директно придонесува кон намалување на глобалните емисии на јаглерод.

Овој проект е доказ дека балансот помеѓу економскиот развој и зачувувањето на природата е возможен. Преку ригорозни проценки на влијанието врз животната средина (EIA) и континуирана соработка со локалните заедници, современите рударски проекти интегрираат напредни технологии кои го минимизираат еколошкиот отпечаток, ја штитат водата и почвата, и обезбедуваат целосна рекултивација на земјиштето по завршувањето на експлоатацијата.

Проектот „Скуриес“ нè потсетува дека со вистинските партнери, транспарентност и цврста посветеност кон животната средина, рударството станува моќен сојузник во градењето на зелена и просперитетна иднина за сите нас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум лица тешко повредени во сообраќајката кај Битола

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила.

Осум лица тешко повредени во сообраќајката кај Битола

Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила.

Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во Битолската клиничка болница, стручен тим на СВР Битола ги истражува причините за сообраќајната несреќа, а наскоро ќе биде соопштен идентитетот на учесниците во сообраќајката на влезот во Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер