Домашни папучи, чевли, чизми... над стотина обувки утрово од комуналната инспекција на Општината пронашле расфрлани, раскажуваат инспекторите.
- Не се знае точно како се дојдени, само се гледа дека се носени со камион. Фирми нешто такво нема, има папучи, кондури..такви работи. Отприлика еден полн камион.- вели Нусри Нухи, комунален инспектор на Општина Чучер Сандево
На социјалните мрежи уште пред два дена граѓаните споделуваа фотографии од депонијата и бараа помош од надлежните. Во општината пријавено е вчера.
Кога и како стигнале таму не се знае. Во општината има сомнеж дека дека овие обувки на таа локација се наоѓаат подолг временски период.
- Треба да се чека времето да се поправи, па понатаму ќе преземеме мерки и ќе ги отстраниме, досава Нухи.
Временските услови засега ги спречува комуналните инспектори да ги отстранат обувките, бидејќи станува збор за непристапен терен.