Се уште има висок интерес за вакцинација против сезонски грип - Канал 5

Се уште има висок интерес за вакцинација против сезонски грип

Граѓаните кои се пријавиле за вакцина против сезонски грип,  а не се вакцинирале на закажаниот термин, имаат рок од еден месец да заминат во вакциналниот пункт каде имале добиено термин и да се вакцинираат, објаснуваат докторите.

Се уште има висок интерес за вакцинација против сезонски грип

Во вакциналниот пункт во поликлиниата Букурешт има интерес за вакицна против грип дневно и 200 граѓани кои се пријавиле преку мој термин се пријавуваат за вакцина.

Граѓаните велат дека секоја година се вакцинираат против грип и се задоволни, а за несакани последици од вакцината е само болка еден до два дена во раката. Имале настинки вирози, но грип не фатиле.

Оваа година се пријавени 71.227 илјади граѓани, се вакцинирале 50.503 граѓани. Вакцините се бесплатни и се вакцинираат децата до пет години, трудините жени, хронично болните и лицата над 65 години.

Надлежните велат дека грѓаните може да се пријават преку вакцинација мк за вакцина и да се прими вакцината пред да започне сеозната на грип. Истоа така од вакциналните пункотови апелираат и децата редовно да се вакцинираат со ДиТеПер вакцина и МРП вакцина која се уште има низок опфат.

YouTube video

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

„Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот“

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

Не доаѓаат предвид уставни имени без гаранции, ние не само што не ги добиваме, туку имаме анти-гаранции. Нам не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома. Помали сме и понемоќни ос САД, државите од БРИКС се „малку“ далеку. Секој сака билатерална спогодба со САД, не секој сака со Македонија. Суровата реланост налага пат кон ЕУ и НАТО, плативме скапа цена но надворешно сме безбедни. Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот. Договорот со Британија е се' замо не е про-руски чекор, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

притисни ентер