Се уште гори во Дрисла – пожарот ќе се затрупува, ДЗС бара забрана за движење во Вардариште - Канал 5

Се уште гори во Дрисла – пожарот ќе се затрупува, ДЗС бара забрана за движење во Вардариште

Се уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, што избувна вчера. 

Се уште гори во Дрисла – пожарот ќе се затрупува, ДЗС бара забрана за движење во Вардариште

Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина на главниот град. Облакот што е создаден се гледа и од Водно..

Нешто повеќе од 24 часа гори депонијата Дрисла во близина на Скопје. Иако на новинарската екипа на Канал 5 не и беше дозволено да влезе внатре и да види што точно се случува, сепак тешкиот мирис и густиот дим можат да се почувствуваат дури и во центарот на Скопје.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов преку видео изјава од терен соопшти дека скопските пожарникари во текот на целата ноќ се обидувале да го изгаснат пожарот на депонијата Дрисла. Тој се сомнева дека станува збор за подметнат пожар, ноп уверува дека во текот на денот најкритичните точки ќе бидат ставени под контрола.

-За жал, гаснењето со вода не даваше резултати, поради што се пристапи кон затрупување на најкритичниот дел од депонијата кадешто беше најсилното горење. Денес надлежноста врз депонијата Дрисла ја презема главниот штаб за управување со кризи. Од тие причини дадовме задача денес да се започне со агресивно затрупување на дел од депонијата Дрисла кадешто го имаме најголемото чадење, односно делот кадешто се одвива горењето.Имаме индиции дека се работи за намерно подметнат пожар, бидејќи во текот на летото, лето во коешто имамве рекордно високи температури не дојде до самозапалување на оваа депонија.-- Ангелов.

Ангелов кажа дека управувачкиот комитет за управување со кризи донела одлука за забрана за движење околу депонијата Вардариште, која веќе втора недела ги труе жителите на Ново Лисиче, Аеродром и околните места... Тој потсети дека против три лица се поднесени кривични пријави кои потпалувале пожар на истата депонија и дека истите лица се веќе во затвор.

-Оваа депонија ќе биде обележена и движењето низ неа ќе биде казниво. На тој начин ќе спречиме злонамерници да се движат во оваа депонија, истата ќе биде внимателно обезбедена и ќе спречиме намерно, но и ненамерно нејзино потпалување.На депонијата Вардариште, но и на депонијата Дрисла се наоѓа по едно возило БТР или Хермелин на ДЗС. Очекувам во текот на денешниот ден двете депонии да бидат целосно затрупани бидејќи се работи на затрупување на критичното место на депонијата Вардариште.-Ангелов.

Од ЦУК информираа дека пожарот на депонијата Дрисла избувна вчера во 15:15 часот. Во гаснењето интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место, соопштија од ЦУК.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман е добитничка на почесен „Цезар“ на 52. церемонија на доделување филмски награди

Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз.

Никол Кидман е добитничка на почесен „Цезар“ на 52. церемонија на доделување филмски награди

Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз, објави денес Академијата за филмски уметности и науки, позната како Академија Цезар.

Кидман глумеше во голем број значајни филмови во текот на својата кариера, вклучувајќи ги „Мулен Руж“, „Очи широко затворени“, „Другите“ и „Догвил“.

Таа го освои Оскарот за најдобра актерка во 2003 година за улогата на писателката Вирџинија Вулф во „Часовите“.

Покрај нејзината актерска кариера, Кидман е и продуцент и коосновач на „Блосом Филмс“, продуцентската компанија зад телевизиските серии „Големи мали лаги“, „Развршување“ и „Девет совршени странци“.

Во 2006 година, Кидман ја доби титулата Придружник на Редот на Австралија, додека во 2017 година ѝ беше доделена награда на Канскиот филмски фестивал по повод 70-годишнината од тој фестивал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)

Вооружени разбојници украле луксузна стока во вредност од неколку стотици илјади евра од златарницата „Де Бирс“ во елитен кварт на Париз, по што избегале со мотоцикли, соопшти париската полиција. 

Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)

Грабежот се случил околу 11:15 часот наутро во вториот арондисман на Париз, потврди полицијата за Асошиејтед Прес.

Портпаролот на групацијата „Де Бирс“ потврди дека нивната продавница на улицата „Ру де ла Пе“, недалеку од плоштадот Вандом, позната по своите луксузни продавници за златарница, била ограбена. Тој изјави за АП дека „никој не е сериозно повреден“ во грабежот и дека компанијата им обезбедува поддршка на вработените. Продавницата ќе остане затворена додека трае истрагата.

Фабиен Богаис, претставник на полицискиот синдикат „Алијанс“ во Париз, им изјави на новинарите на местото на настанот дека четворица осомничени, вооружени со пушки, украле стока во вредност од неколку стотици илјади евра за само неколку минути.

Една година од спектакуларниот грабеж на Лувр

Полицијата соопшти дека разбојниците не користеле оружје. Богаис рече дека разбојниците носеле шлемови, но не можеше да потврди дали дополнително ги покриле лицата со облека или маски. Властите објавија дека се распоредени значителни полициски сили за да ги пронајдат сторителите и дека истражителите темелно ќе го испитаат местото на грабежот.

Оваа кражба доаѓа по спектакуларната кражба на француските крунски скапоцености од Лувр во октомври 2025 година, кога крадците избегаа со вредни предмети во вредност од 88 милиони евра сред бел ден. Таа кражба откри сериозни недостатоци во безбедносниот систем на музејот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија ги менува правилата за евакуација по заканите со бомби во илјадници училишта

Италијанската влада ќе воведе нови правила за справување со безбедносни закани, вклучително и масовни закани преку е-пошта. 

Италија ги менува правилата за евакуација по заканите со бомби во илјадници училишта

Според новите правила, по правило, зградите нема да бидат евакуирани освен ако нема конкретни докази дека опасноста е реална, беше објавено денес.

Одлуката доаѓа откако вчера низ цела Италија беа евакуирани бројни училишта поради закани за бомби, кои ги примија околу 6.300 училишта. Ова е најновиот во низата случаи на лажни тревоги и сајбер напади што ги погодија училиштата, супермаркетите, центрите за дарување крв, системите за воздушен сообраќај и медиумските куќи низ цела Европа во последните денови.

Многу училишта беа затворени веднаш по примените закани. Ова предизвика големи проблеми бидејќи родителите мораа да брзаат да ги земат своите деца, а паниката се прошири на социјалните медиуми.

Денеска нови закани за 1800 училишта

Денес пристигнаа нови закани, како резултат на што некои училишта повторно се затворени. Според извори од италијанската влада, околу 1.800 училишта добиле нови закани за бомби преку е-пошта. Римската полиција потврди дека повеќе училишта пријавиле закани, но во помал број отколку вчера. Тие рекоа дека нема докази што ги поткрепуваат.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги покани лидерите на опозицијата на состанок за да разговараат за тоа како да се реагира на слични ситуации во иднина. „Зградите не треба да се евакуираат ако нема конкретни индикатори што укажуваат дека опасноста е реална, а не ако станува збор за примање масовна е-пошта“, објави нејзината канцеларија.

Некои европски претставници се сомневаат дека Русија би можела да стои зад кампањата што го нарушува секојдневниот живот во европските земји што ја поддржуваат Украина. Италијанските претставници изјавија дека сè уште немаат докази за да го потврдат таквото сомневање. Русија ги отфрла обвинувањата за вмешаност и тврди дека Западот води кампања за клевета против неа.

Опозицијата ја критикуваше Мелони за сајбер безбедноста

По двочасовниот состанок со премиерката, лидерите на опозицијата од центарот и левицата изјавија дека владата мора да предложи конкретни решенија за ваквите закани. Во исто време, тие ја критикуваа Мелони за, како што тврдат, премалку инвестиции во сајбер безбедноста.

„Како се потрошени парите досега? Вчерашниот аларм можеше да се реши со помош на добра антивирусна програма“, рече поранешниот премиер Матео Ренци, шеф на центристичката партија Италија Вива. Италија не е единствената европска земја погодена од оваа кампања, но нејзината првична реакција предизвика многу поголеми проблеми отколку во другите земји.

Властите во Шкотска, Северна Ирска и Република Ирска објавија дека голем број училишта добиле и заканувачки е-пораки од странство. Сепак, тие проценија дека станува збор за лажни извештаи и не ја прекинаа наставата.

„Го прашавме ирскиот премиер зошто властите во таа земја однапред ги предупредиле училиштата и им советувале да останат отворени, бидејќи овие е-пораки не се сметале за закана“, рече Никола Фратоани од Зелената и левичарската алијанса (Alleanza Verdi e Sinistra).

Бараат поголеми инвестиции во заштитата

Опозиционите партии го обвинија Мелони дека им дава приоритет на инвестициите во класична воена опрема, а ги игнорира сајбер заканите, кои ги сметаат за поитни.

„Ни треба посилна координација меѓу телата одговорни за сајбер безбедноста и предложивме пренасочување на дел од достапните ресурси кон сајбер одбрана“, рече Ели Шлајн, лидерка на главната опозициска Демократска партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер