Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
2Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
3ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаСе уште е неизвесно дали и под кои услови независните кандидати ќе може да учествуваат на избориТри недели пред распишувањето, независните кандидати се уште не знаат под кои услови ќе можат да се кандидираат на претстојните локални избори. Наместо да се подготвуваме за изборите, ние сме во неизвесност и се бориме за нашите основни права – вели Невена Горгиевска од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“. Таа апелира доколку не се изгласаат измените на Изборниот законик, да се направи прецизно правно толкување кое ќе им разграничи со колку собрани потписи ќе може да излезат на изборите. Од друга страна, според неа ниту постоечките предлог- измени кои се заглавени во собраниска процедура не се Уставни, па апелира во преостанатиот период да бидат консултирани и независните и да се најде решение кое би било прифатлво за сите. -Недостасува начинот по кој ние ќе настапиме. Тоа треба да го даде законодавно-правната комисија и да се изгласа на пленарна седница. Меѓутоа мислењето од Влада кое е дадено пред 1 месец не е дадено и Владата тука го кочи процесот. И да се изгласаат овие измени сега вака предложени тие се неуставни, тие се дури и полоши од оние кои беа уникати. Претседателката рече дека неуставни измени нема да потпише, значи повторно се воведуваме во ситуација да имаме правна празнина или нерешено прашање,- Невена Горгиевска – Независни за Карпош. Дел од познавачите пак сметаат дека доколку не се потполни правната празнина граѓанските иницијативи ќе може да имаат кандидати и без да собираат потписи. Универзитетскиот професор по уставно право Денис Прешова во интервју за БИРН вели дека според него не постои законска основа да се оневозможи учество на независните листи на советници. -Одредбите кои ги регулираат условите во делот на потребните потписи се укинати, така што, тие во овој момент не се предвидени и регулирани. Ова значи дека во согласност со постојната законска рамка и со ваквата законска празнина овие групи на избирачи, независните листи, можат да поднесат листи на кандидати без да собираат потписи бидејќи Изборниот законик сега не предвидува колкав број или процент на потписи е потребен за поднесување листа на кандидати, дали за пратеници, или пак, за членови на совет. – Денис Прешова - универзитетски професор. Од ДИК очекуваат Собранието во најскоро време да ги усвои измените на Изборниот законик. Оттаму објаснуваат дека процесот нема да биде нарушен, доколку тоа се случи и по распишувањето на изборите. Дека е потребно решение во најскоро време смета и собранискиот спикер Африм Гаши, но тој вели дека ни самиот не знае како и кога партиите би се согласиле да го донесат законот. Доколку не се најде решение до крајот на месецот, Гаши најави дека тоа ќе се договара по летниот одмор на пратениците, односно кон крајот на август. Тагови: локалните избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЗајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. „Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026Тројца млади спортисти ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Ева Митевска го освои осмото место на 100 метри, Петар Цеков заврши на 21. место во пливање, а Марио Брезовски на 24. место во триатлон.Со посветеност, борбеност и достоинствено претставување на државата, македонските спортисти го завршија своето учество на Младинските олимписки игри Дакар 2026, оставајќи зад себе спортски достигнувања и искуство што претставуваат важен чекор во нивниот понатамошен развој. Младинските олимписки игри кои се одржаа во Сенегал обединија 2.655 спортисти на возраст од 14 до 18 години од 204 национални олимписки комитети. Натпреварувањата се одржаа во 25 спортови, а за секој спорт беа одредени квалификациски критериуми за учество од страна на соодветните меѓународни федерации и Меѓународниот олимписки комитет. Дакар 2026 беше историски момент за олимпиското движење, бидејќи за првпат еден олимписки настан се одржа на африканскиот континент. Македонија учествуваше со седумчлена делегација составена од тројца спортисти, тројцата нивни тренери и шеф на делегацијата, кои ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Највисок пласман оствари Ева Митевска во атлетската дисциплина 100 метри, освојувајќи го осмото место во финалната трка и вбројувајќи се меѓу осумте најдобри млади спринтерки на Игрите. Особено значајно е што во финалето Ева истрча 12,28 секунди, подобрувајќи го својот најдобар резултат. Овој настап е потврда за нејзиниот напредок и способноста да го даде најдоброто токму на најважната трка. Во пливање, Петар Цеков настапи во дисциплината 400 метри слободно, со време од 4:10,60 минути, освојувајќи 4. место во својата група и 21. место во генералниот пласман. Неговата главна дисциплина, 800 метри слободно, која претставуваше негов најсилен адут, беше откажана поради високата температура на водата во базенот. Одлуката беше донесена од организаторите во интерес на безбедноста и здравјето на натпреварувачите. Марио Брезовски е првиот македонски триатлонец кој се квалификувал на едни Младински олимписки игри. Тој настапи во спринт триатлон (750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 километри трчање) и го заврши натпреварувањето на 24. место со време од 59:06 минути. Особено впечатлив беше неговиот пливачки дел, во кој Марио излезе прв од водата, пред сите останати натпреварувачи. Неговиот настап беше обележан со висока конкурентност и борбеност, потврдувајќи го потенцијалот што го носи. „Младите спортисти навистина ме воодушевија со својата посветеност, дисциплина, одговорност и односот кон обврските во текот на целиот престој. За мене, како шеф на делегацијата, беше особено задоволство да ги следам не само нивните тренинзи и настапи, туку и начинот на кој се претставуваа надвор од спортските терени. Ова беше многу повеќе од натпреварување, беше можност да растат како спортисти и личности. Настапите во Дакар треба да се вреднуваат не само низ призмата на конечните пласмани, туку и преку постигнатите лични резултати, конкурентноста, спортскиот напредок и искуството стекнато во меѓународна конкуренција. Финалето и најдобриот резултат на Ева, настапот на Петар во изменети околности и историското учество на Марио се три различни, но подеднакво важни приказни за младинскиот спорт во Македонија“, истакна Елена Зисовска Апостолска, шефица на македонската делегација. Зад настапите на македонските спортисти стоеше и посветен тренерски тим, составен од Горан Стаменов, тренер по пливање, Данчо Ѓорѓијевски, тренер по триатлон и Божурка Ѓошевска, тренерка по атлетика, чија стручна работа и поддршка беа важен дел од подготовките и настапите на спортистите. Македонскиот олимписки комитет им честита на спортистите, нивните тренери и националните спортски федерации за вложениот труд, посветеноста и достоинственото претставување на државата. Младинските олимписки игри се завршени, но за овие млади спортисти тие се само една важна станица на патот кон нови спортски предизвици. Македонија беше дел од историјата, а иднината на македонскиот спорт продолжува да се гради токму преку ваквите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форумЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум.Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог за иднината 2026- заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици “ Во рамки на Форумот предвидено е обраќање на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на панел сесијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” – на кој ќе се осврне на економските политики и соработката со земјите од регионот. Николоски ќе зборува и за стратешките инфраструктурни проекти кои се градат во државава. На Форумот предвидено е учество на членови на Бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, преставници од ЕУ како и високи претставници на меѓународни финансиски институции. Покрај промоцијата на регионалните економски политики и соработка, на Форумот ќе се разговара и за предизвиците и проширирувањето на ЕУ. Виенски економски форум - „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската Комисија во рамки на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“. Целта на Виенскиот економски форум е промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко, како составен дел од европската и глобалната економија и нивно залагање за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter