3Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
СветСе урна таван во клуб во Доминикана, најмалку 15 загинати: Мислев дека е земјотрес (ВИДЕО)Најмалку 15 лица загинаа откако се урна таван на ноќен клуб во Доминиканската Република, јавува Би-би-си.Има многу повредени, а спасувачите се уште се обидуваат да извлечат луѓе од урнатините. Сè уште не е познато што ја предизвикало несреќата што се случила во раните утрински часови, за време на концертот на популарниот уметник за меренге Руби Перез, во дискотеката Џет Сет во главниот град Санто Доминго. Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер изрази сочувство до семејствата погодени од оваа трагедија. Директорот на Центарот за итни операции (ЦОЕ) Хуан Мануел Мендез рече дека спасувачите сè уште трагаат по луѓе под урнатините. Тој додаде дека амбулантни возила повеќе од 100 пати возеле до болниците во тој дел од градот, а понекогаш превезувале и неколку луѓе одеднаш. Властите се уште се обидуваат да го утврдат точниот број на повредени. Според првите податоци загинале 15 лица. „Мислев дека е земјотрес“ Мендез рече дека се надева дека многу од затрупаните под урнатиот таван се уште се живи. Џет сет е популарен ноќен клуб во главниот град кој редовно организира танцови концерти во понеделник навечер. Видео снимката направена во клубот покажува луѓе кои седат на маси пред бината, а некои танцуваат во позадина додека настапува Руби Перез. На друга снимка од мобилен телефон, која се прошири на социјалните мрежи, може да се слушне маж како стои покрај бината како вели дека нешто паднало од таванот додека го покажува прстот нагоре. На видеото се гледа и пејачот Руби Перез како гледа кон делот на кој покажал човекот. Nightclub ceiling collapses in the Dominican Republic, killing at least 15. pic.twitter.com/LxJKpIp5qy — Daily Mail Online (@MailOnline) April 8, 2025 Помалку од 30 секунди подоцна, се слуша шум, снимањето престанува. „Тато, што ти се случи?“, се слуша како жена вика. Член на бендот на Руби Перез изјави за локалните медиуми дека клубот бил полн кога се урнал покривот околу 1 часот по полноќ. „Мислев дека е земјотрес“, рекол музичарот, објави Би-Би-Си.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09