ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
2ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
3Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје
ЖивотСе урна средновековна кула во близина на Колосеумот во РимВо срцето на Рим, утрово се урна дел од средновековната кула Торе деи Конти, која моментално е во фаза на реновирање.Во драматична спасувачка операција, четворица работници се спасени, додека еден е сè уште заробен под урнатините и се трага по него, објавува „Еуроњуз“. Кулата, изградена во 1238 година од папата Инокентиј III, е во процес на реставрација финансирана од Националниот план за обнова и отпорност на Италија, кога делумно се урна околу 11:30 часот. Римската противпожарна бригада брзо реагираше и испрати три оперативни екипи, два камиони со скали и специјализирани единици на местото на настанот, објави Ројтерс. Una porzione della storica Torre dei Conti, situata in Largo Corrado Ricci nei pressi dei Fori Imperiali a Roma, è crollata questa mattina durante i lavori di ristrutturazione. Fortunatamente non risultano persone coinvolte sotto le macerie, mentre l’area è stata messa in… pic.twitter.com/98ox69K4IS — La Sicilia (@lasiciliait) November 3, 2025 Тројца работници заробени на врвот од кулата се успешно евакуирани со помош на камиони со скали, додека четвртиот бил извлечен од самата структура.Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравјеМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски. Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛСВо 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот. Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа. Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот. Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен. baby > raccoon https://t.co/iDdwfmMcO8 pic.twitter.com/B6l2gc3e22 — Minnesota United FC (@MNUFC) August 23, 2026 „Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“. По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и ЗелениковоЗачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково,. -На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинденинформираат од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook