Се урна мост во Франција , загина 15- годишно девојче (ВИДЕО)

Утрово се урна висечки мост во Франција , северно од Тулуз , а во несреќата загина 15- годишно девојче , кога неколку возила пропаднале во реката Тарн.

Службите за итни случаи се на местото на настанот и сè уште се прават проценки колку лица загинале во несреќата. Мостот се срушил околу 8:30 часот по локално време и е мост што ги поврзува градовите Мирепоа-сур-Тарн и Бесиерес, пренесува РТ.

Се проценува дека во моментот кога се урнал стариот мост, на него имало девет лица, напишала Противпожарната служба Хауте Гарон на Твитер. Две лица се во критична состојба ,a уште тројца се хоспитализирани.

Обвинителот Доминик Алезари изјави за медиумите дека двете возила сигурно биле на мостот во моментот на рушењето и дека е можно да имало и трето.

Во инцидентот загина 15-годишно девојче. Службите за итни случаи го извлекоа нејзиното тело, пренесува Франс 24.

Нејзината мајка, наводно, била спасена од минувачите, но властите допрва треба да го потврдат тоа. Според локалните медиуми, тинејџерката била во автомобилот со нејзините родители кога се урнал мостот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер