Се урна авион во близина на Белград: Пилотот извлечен од водата - Канал 5

Се урна авион во близина на Белград: Пилотот извлечен од водата

Хидроавион Цесна 206 вчера се урна во реката Сава во населбата Прогар, дознава Телеграф.

Се урна авион во близина на Белград: Пилотот извлечен од водата

Пилотот од студената река го извлекле граѓани, велат за Телеграф. Му пришле со чамци и му помогнале.

Како што пренесува Телеграф, авионот се урнал во реката Сава по налетот на ветерот. Авионот (хидроавион) штотуку слетал на и во тој момент паднал во реката.

Поради налетот на ветерот слетал во реката и се лизнал 300 метри низводно.

Хидроавионот се превртел и поголем дел од него е во вода.

За случајот е известено Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Извор: Телеграф

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид

Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. 

МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид

Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот студентски дом „Никола Карев“.

Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, при денешната посета на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, каде заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и градоначалникот Кирил Пецаков извршија увид во градежните активности за реконструкција на кровот и замена на столаријата во училиштето. Проектот го реализира општина Охрид и е вреден над 50 милиони денари.

„Честитки до локалната самоуправа за оваа значајна инвестиција, со која конечно ќе се надминат долгогодишните проблеми во гимназијата. Ќе нема повеќе протекување на кровот, студени училници во зима или неподнослива жештина во лето. Учениците и наставниците ќе добијат многу подобри услови за работа и учење“, рече Јаневска.

Информираше дека за темелната реконструкција и опремување на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ се вложени над 120 милиони денари. Дополнително, со 19,5 милиони денари се обновени кабинетите и работилниците за практична настава во електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“.

Следниот капитален проект, како што информираше Јаневска, е целосната реконструкција на студентскиот дом „Никола Карев“, инвестиција вредна околу 200 милиони денари.

„Студентскиот дом ќе биде целосно обновен, енергетски ефикасен и современо опремен, со услови какви што заслужуваат студентите. Очекувам и ново, одговорно раководство кое успешно ќе управува со установата и нема да создава непотребни долгови“, изјави Јаневска.

Министерката посочи дека вкупниот инвестициски циклус на Министерството за образование и наука во Охрид изнесува околу 340 милиони денари, односно 5,5 милиони евра.

„Вакви инвестиции во образованието во минатото не се реализирале. Продолжуваме со уште поголема грижа за учениците, студентите, наставниците и сите вработени во образовните установи. Имаме јасна обврска да го модернизираме образовниот систем и посветено работиме на достигнување на европските образовни стандарди“, порача Јаневска.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е доказ за конфузијата и хаосот кој владее во СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Веројатно ниту Венко Филипче не знае зошто држеше прес со милион теми а ништо конкретно и суштински.

СДС е во паника и хаос поради стравот од избори и нивен пораз затоа го блокираат Изборниот законик обединети со ЛЕВИЦА И ДУИ.

Венко Филипче зборува за реформи а не може ниту сопствената партија да ја реформира.

Ако Венко сега бара експертска група за Изборен законик зошто преговараше за истиот 4 месеци во Собранието. Како сега се сети дека му требаат експерти.

Филипче е контрадикторен, од една страна вели треба во ЕУ час поскоро, а го кочи новиот Изборен законик кој е директива од ЕУ.

Филипче нема ниту визија, ниту план за сопствената партија а уште помалку за државата, доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Иднината на државата е заложник на неспособноста на Мицкоски за државна стратегија

Филипче додаде дека со ваквите политики на Мицкоски државата се движи кон политичка и економска изолација.

Филипче: Иднината на државата е заложник на неспособноста на Мицкоски за државна стратегија

Иднината на државата и на граѓаните е доведена во заложништво поради личната немоќ на Мицкоски да се справи со најважното прашање за државата – членството во Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека ваквите погрешни политики на Владата на ВМРО ја носат државата само во изолација.

„Очигледно е дека сме заложници на личната немоќ на премиерот Мицкоски да се справи со ова најважно прашање за нашата иднина, за иднината на граѓаните на Македонија, а тоа е членството во Европската Унија. Заложници сме на неговата некапацитетност да изгради државна стратегија за тоа како ќе станеме земја-членка на Европската Унија. Заложници сме на лагите со кои тој дојде на власт и сега со истите лаги останува на власт. Тоа што не ни бега и што е очигледна иднина на оваа држава, која во овој момент ја води Христијан Мицкоски, е очигледната изолација“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека во време кога постои силна поддршка за проширување на Европската Унија и кога вратите се отворени за земјите кандидати, Македонија останува на страна.

„За време на последната посета на еврокомисарката Марта Кос, која јасно, гласно, недвосмислено кажа дека треба Македонија јасно да каже дали останува на европскиот пат, очигледно е дека благодарение на премиерот Христијан Мицковски и ВМРО, ние на тој пат повеќе не сме. Наместо да се спроведуваат реформите, наместо да се чекори напред кон Европската Унија, сега, кога очигледно вратите се отворени како никогаш до сега, ние остануваме на страна“, рече Филипче.

Тој додаде дека со ваквите политики на Мицкоски државата се движи кон политичка и економска изолација.

„Остануваме под влијание на други земји кои немаат интерес регионот и Македонија да се интегрираат во Европа. Остануваме на страна од сите финансиски и економски текови кои, како поддршка, можат и доаѓаат од Европа за земјите што ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како, на пример, Црна Гора, за која во следниот седумгодишен буџет на Европската Унија се предвидени над 3 милијарди евра неповратни средства, додека ние се задолжуваме во милијарди евра од непознати кинески извори, со кој знае колкави камати, кои ќе ги враќаат следните генерации“, рече Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер