Се удави актер додека во последен момент го спасил синот - Канал 5

Се удави актер додека во последен момент го спасил синот

Американскиот борач и актер, Шад Гаспард (39) е пронајден мртов откако исчезна додека пливал со својот десетгодишен син Арих на плажата Венис во Калифорнија.

Се удави актер додека во последен момент го спасил синот

Гаспард бил на 50 метри од брегот кога бил „потопен од бран“ што го повлекол во длабочините. Момчето било спасено, како и неколку други пливачи, а сепак Гаспард исчезнал. Неговото безживотно тело е пронајдено во вторникот во близина на пристаништето. Властите подоцна го потврдија неговиот идентитет.

Како што дознава „Дејли меил“, Арих бил спасен само затоа што неговиот татко им го фрлил на спасувачите во последен момент, пред бранот да го збрише.

„Беше најзагрижен за безбедноста на неговиот син. Тој направи се што можеше за да го заштити“, изјави сведок.

Кеничи Хаскет, началник на пожарникарските и спасувачките служби, рече дека Арих се наоѓал на 20-30 метри од брегот кога спасувачот го извадил. После тоа се вратил за да го спаси Гаспард, но струјата го одвела на стотина метри од брегот.

„Сè се случи во секунда“, рече Хаскет.

Вдовицата на Гаспард, Силијана се збогува со него на Инстаграм во четвртокот, нарекувајќи го „вистински суперхерој“ и додавајќи дека тој е „сила на природата што предизвика многу радост кај многумина“.

"Арих, јас и семејствата Гаспард и Читик би сакале да им се заблагодариме на сите за вашите молитви и поддршката во моментите кога го оплакуваме нашиот сакан Шад. Тој беше целиот наш свет и ние негови. Нема доволно зборови за да опишеме колку тој ни значеше", напиша таа. .

Aryeh, myself and the Gaspard and Chittick families would like to take this time to thank everyone for their prayers and support, as we mourn the terrible loss of our beloved Shad. . . Shad was our whole world and we were his. There are not enough words to describe what he means to all of us. He was our heart, our soul, our protector, our warrior. He was a bright force of nature, who brought joy to many through his joyous and gracious nature. . . The outpouring of love from Shad’s friends, colleagues and fans has meant more to us than you can even imagine. . . We’d like to once again thank the lifeguards, coast guard, divers, fire and police departments for their efforts. . . Shad was and will always be our real life super hero. . . I love you more, my love ❤️ . . Proudly, Siliana Gaspard

A post shared by Shad Gaspard (@shadbeast13) on

Таа им се заблагодари на сите што со денови го бараа неговото тело.

Гаспард беше дел од тимот на WWE, Cryme Tyme, а по крајот на неговата боречка кариера, се сврте кон актерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гугл ги повикува вработените да ја напуштат компанијата- понудата важи за пет земји

Google на Alphabet Inc. ја прошири својата програма за доброволно отпуштање во уште пет земји оваа година за да помогне во контролата на трошоците од големите инвестиции во вештачка интелигенција (ВИ).

Гугл ги повикува вработените да ја напуштат компанијата- понудата важи за пет земји

Компанијата понуди пакети за отпуштање на вработените во одредени сектори во Канада, Франција, Германија, Јапонија и Швајцарија во јуни, објави Ројтерс.

Гугл потврди дека програмата е проширена на меѓународно ниво, но не соопшти колку вработени ја прифатиле понудата.

„Некои од нашите тимови воведоа програма за доброволно отпуштање во 2025 година. Во јуни оваа година, ја проширивме оваа програма во неколку земји за да ги поддржиме важните активности што нè очекуваат“, изјави портпарол на компанијата.

Овој потег доаѓа во време кога големите инвестиции во вештачка интелигенција ги зголемуваат трошоците за технолошките компании и предизвикуваат загриженост кај инвеститорите.

Програмите за доброволно отпуштање се имплементирани во некои организациски единици на Google во Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство од минатата година.

Раководителите на компанијата претходно ги промовираа како опција за вработените кои повеќе не чувствуваат дека се усогласени со темпото на работа или со деловната насока на компанијата.

Финансискиот директор на „Алфабет“, Анат Ашкенази, постојано ги истакнуваше вештачката интелигенција и cloud computing како клучни области за вработување.

Вработените во „Гугл Клауд“ и неговата единица за вештачка интелигенција „ДипМајнд“ беа ослободени од претходните програми за доброволно заминување, а според „Ројтерс“, истото правило важи и за најновото проширување на програмата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнаа консултациите во Израел- претседателот Херцог разговара со партиите за избор на нов мандатар

Израелскиот претседател Исак Херцог ќе започне формални консултации со претставници на партиите што освоија места на предвремените парламентарни избори за да утврди кој има најголеми шанси да ја формира новата влада.

Почнаа консултациите во Израел- претседателот Херцог разговара со партиите за избор на нов мандатар

Израелскиот претседател Исак Херцог ќе започне формални консултации со претставници на партиите што освоија места на предвремените парламентарни избори за да утврди кој има најголеми шанси да ја формира новата влада на Израел, објави неговиот кабинет.

Консултациите ќе траат два дена, при што Херцог прво ќе разговара со претставници на помалите партии, додека средбите со лидерите на двете најголеми политички групи, сегашниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху и Гади Ајзенкот, се закажани за четврток вечер, објавува „Тајмс оф Израел“.

Според конечните резултати од изборите одржани на 27 октомври, ниту еден политички блок не го освои потребното мнозинство од 61 место во Кнесетот со 120 места.

Блокот на сегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху освои 53 места, опозицискиот блок предводен од Гади Ајзенкот 48, додека арапските партии освоија вкупно 19 места.

Партијата Ликуд, предводена од Нетанјаху, освои 27 места, додека партијата Јашар на Ајзенкот освои 21.

Во блокот на Нетанјаху се вклучени и Обединетиот јудаизам на Тората и Оцма Јехудит со по седум места, како и Шас и Религиозната ционистичка партија со по шест места.

Опозицискиот блок, покрај Јашар, го сочинуваат партиите Заедно со 12 места, Демократите со осум и Нашиот дом Израел со седум места.

Арапските партии освоија вкупно 19 места, од кои Заедничката листа освои 11, а партијата Раам осум места.

Претседателот на Централната изборна комисија на Израел, судијата на Врховниот суд Ноам Солберг, денес му ги презентираше официјалните резултати од изборите на израелскиот претседател Херцог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана позира во провокативна долна облека за новата божиќна колекција (ФОТО)

Пејачката Ријана (38) претстави нова празнична колекција на долна облека за нејзиниот бренд „Savage X Fenty“ и повторно се најде во центарот на вниманието во кампањата.

Ријана позира во провокативна долна облека за новата божиќна колекција (ФОТО)

Таа сподели серија провокативни фотографии на Инстаграм кои го привлекоа вниманието на нејзините следбеници, пренесува „The Sun“.

Позира во чипкасто боди и танга

Ријана позираше опкружена со елки и подароци, носејќи црвено-црно чипкасто боди со длабоко деколте и танга. Изгледот го надополни со високи чорапи и црни чевли со високи потпетици. На една од фотографиите, таа му сврте грб на фотоапаратот за да ја покаже својата заднина.

„Бидејќи заслужувате нешто посебно оваа празнична сезона“, напиша таа покрај објавата.

Ги воодушеви своите следбеници

Фотографиите предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а обожавателите не престанаа со комплименти во коментарите.

„Прежешка си!“ напиша еден следбеник.

„Среќен Божиќ, мама!“ додаде друг.

„Навистина си многу, многу убава жена, љубов моја“, искоментира трет.

Изградба на успешно деловно царство

Ријана го лансираше брендот за долна облека „Savage X Fenty“ во 2018 година, а денес тој се проценува на над една милијарда долари.

Една година претходно, таа го основаше козметичкиот бренд „Fenty Beauty“, кој исто така постигна голем успех. Според претходните извештаи, брендот остварил приход од приближно 100 милиони долари во текот на првите 40 дена од работењето.

Иако во последните години повеќе им се посвети на деловните проекти и на своето семејство, Ријана продолжува да привлекува големо внимание од јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер