МакедонијаСе сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва Ден потоа, Скопје повторно профункционира во вообичаениот ритам – улиците каде вчера се создадоа реки и базени, повторно се суви и раздвижени, но точната цена на невремето засега останува непозната.Ден потоа, Скопје повторно профункционира во вообичаениот ритам – улиците каде вчера се создадоа реки и базени, повторно се суви и раздвижени, но точната цена на невремето засега останува непозната, ЦУК примил во текот на вчерашниот ден примил над 1000 пријави, 900тини од нив биле само за Скопје за поплавени подруми, подвозници, паднати дрвја и останати штети од непогодата, која најсилно ги погоди Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Чаир... Екипите на Град Скопје се на готовс и денеска, оти најави за невреме од метеоролозите пристигнаа и за вечерва. Градоначалникот на Скопје – Орце Ѓорѓиевски оцени дека Градот во вчерашната акција со над илјада работници од јавнините претпријатија експресно се справил со предизвикот, а кризниот штаб вели и натаму е во приправност, во случај непогодите од вчера да се повторат. Воедно вели, каде што е физички изводливо, ќе се отстранат инфраструктурните аномалии на критичните точки, но уверува и дека состојбата со запушените сливници и канали е веќе минато. -Како никогаш досега брзо се справивме со временските непогоди. За 20 до 40 минути се справивме со неприликите. Нема простор за паника, градот е буден и имаат на кого да се потпрат, дежурните телефони се целосно во функција. Обрнуваме сериозно внимание, секаде каде што можеме да интервенираме, ќе интервенираме во наредниот период, до крајот на мојот мандат, некаде е возможно, некаде е невозможно, на крајот на денот и во најразвиените метрополи, огромна количина, 75л на м2 имате врнежи таму единствено треба водата да се повлече но и ние да делуваме со службите,- - Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје. Непогодите го отежнаа и лекувањето на пациентите кои се во најтешка здравствена состојба – подземните нивоа на Клиниката за онкологија се поплавија, па водата се собирала со ќебиња и чаршави, а била прекината и терапијата за да се заштитат апаратите и да се избегне опасност од струја. Поплавениот оддел за радиотерапија сега повторно е во целосна функција, па нормализирано е и лекувањето. Подрумските простории и гаражите биле полавени и во МАНУ, а вода имало и во главниот хол и амфитеатарот. А, додека скопјани мака мачеа да стигнат каде што тргнале, оти сообраќајот беше целосно парализиран, неколку граѓани го искористија моментот да се пошегуваат, па на подвозникот на булеварот „Србија“, некои пловеа со душек, а други скокаа во водата од мостот, но денеска „базенот“ веќе го нема... Стенд ап: Вака изгледа денеска една од најкритичните точки во Скопје која беше вчера полна со вода, па поради тоа, оваа делница, до доцна во ноќта беше затворена за сообраќај од страна на полицијата. Тагови: ПОПЛАВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20