3СДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови
ЖивотСе сретнаа највисоката и најниската жена на светот: Имаме толку многу заедничко (ВИДЕО)Конечно се сретнаа највисоката и најниската жена на светот.Гинисовата книга на рекорди објави видео од средбата помеѓу Румејса Гелги (27) и Јјоти Амга (30), организирана по повод 20-годишнината од Гинисовиот ден на рекорди. Гелги, турски научник и правник, е висока неверојатни 215 см. Од друга страна е Амге, индиска актерка, висока (ако може така да се нарече) помалку од 63 сантиметри, објави Индекс. „Здраво“, рекла највисоката жена на светот додека ја запознавала својата нова пријателка. Амге со широка насмевка на лицето ѝ пријде на Гелга. „Беше прекрасно да се запознаам со највисоката жена на светот“, изјави таа пред камера. „Таа е толку добродушна, што се чувствувам многу удобно со неа. Гелги додаде дека таа и Амге имаат многу заеднички работи. „И двете сакаме грижа за себе, шминка, нокти и накит“, рече таа. Необичните пријателки продолжиле да разговараат и да пијат чај. Дуото ја доби титулата икони во јубилејното 70-то издание на Гинисовата книга на рекорди. „Никогаш не мислев дека ќе ме наречат икона, а особено ми е драго што тоа се случи во 70-тото издание на Гинисовата книга на рекорди“, изјави Амге. „Не можам да опишам колку сум среќна“, додаде таа. А Гелги беше воодушевена: „Да се видам себеси меѓу сите оние уметници и спортисти на кои секогаш им се восхитував – тоа е чувство што не може да се опише“. Според Гинисовата книга на рекорди, Гелги на 17-годишна возраст е прогласена за највисока тинејџерка во светот, а во 2021 година е потврдена како највисока жена на светот. Од друга страна, во 2009 година, на 15 години, Амге беше прогласена за најниска тинејџерка, а во 2011 година беше потврдена како најниска жена на светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБА„Трејд“ Бостон - Филаделфија, 76 тргнаа на се или ништо!Вистинска „бомба“ одекна во НБА – Бостон Селтикс постигнаа договор со Филаделфија 76ерс за една од најголемите размени на играчи летово.Филаделфија оди на сè или ништо! Вистинска „бомба“ одекна во НБА – Бостон Селтикс постигнаа договор со Филаделфија 76ерс за една од најголемите размени на играчи летово. Двата тима ќе разменат две свои големи ѕвезди. Како што пренесува ESPN, повикувајќи се на свои извори, Џејлен Браун ќе ја продолжи кариерата во Филаделфија, додека Пол Џорџ ќе му се приклучи на Бостон. Покрај искусниот кошаркар кој игра на крилните позиции, „Селтикс“ ќе добијат и два избора од првата рунда, како и два избора од втората рунда на НБА-драфтот. Со оваа размена, Филаделфија јасно стави до знаење дека сака веднаш да атакува на титулата. Со доаѓањето на Браун, тимот добива елитен играч кој, заедно со Џоел Ембид и Тајрис Макси, би требало да формира едно од најопасните трија во целата НБА-лига. Браун ја одигра најдобрата сезона во кариерата, во која на 71 натпревар имаше просек од 28,7 поени, 6,9 скока и 5,1 асистенција, со реализација од 47,7 проценти од поле.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоднесено обвинение, на листата на осомничени и Доналд ТрампПоранешниот директор на Централната разузнавачка агенција(ЦИА) на САД, Џон Бренан, ја тужи администрацијата на претседателот Доналд Трамп.Поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција(ЦИА) на САД, Џон Бренан, ја тужи администрацијата на претседателот Доналд Трамп, барајќи судска наредба со која ќе се бара од службените лица да ги зачуваат евиденциите од истрагите против него. Во тужбата, Бренан навел дека тие документи ќе му бидат неопходни за да изгради одбрана против одмаздољубив кривичен прогон во случај на идни обвиненија од страна на администрацијата на Трамп, објави „Ен-Би-Си Њуз“. Според неговите адвокати, таквата одбрана би била поткрепена со повеќе од 100 усмени или писмени изјави во кои претседателот Доналд Трамп го критикувал Бренан од 2017 година наваму, како и со претседателските налози до Министерството за правда за поведување постапки без оглед на фактичкото или правното оправдување. Во тужбата како обвинети се именуваат Трамп и други високи службеници за спроведување на законот од неговата администрација, вклучувајќи го вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш, директорот на ФБИ, Кеш Пател, и обвинителите во Флорида кои ги надгледуваа истрагите против Бренан и други наводни поранешни противници на Трамп. Во тужбата се вели дека Бренан се соочува со посебни истраги во Флорида, вклучително и една што испитува дали дал лажна изјава пред Конгресот во врска со проценката на разузнавачката агенција што го документира мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 година, кога Трамп ја победи демократката Хилари Клинтон.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран се подготвува за погребот на Врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи,ќе трае шест денаИран се подготвува за погребот на Врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој загина во американско-израелски напад на 28 февруари – настан што ќе претставува најголем државен погреб во историјата на земјата.Погребните свечености ќе траат шест дена во пет града, вклучително и во соседен Ирак, соопштија официјални лица. Погребните активности ќе започнат во сабота, кога телото на Хамнеи ќе биде изложено во молитвениот комплекс на Големата џамија во Техеран, а церемониите ќе продолжат до понеделник со погребна поворка низ улиците на иранскиот главен град, пренесува Ал Џезира. На 7 јули, погребната поворка ќе се пресели во светиот град Ком, а потоа во градовите Наџаф и Кербала во Ирак. Телото на Хамнеи ќе биде вратено во Иран за погреб во неговиот роден град Машхад на 9 јули, а се очекува ожалостени од целата земја и од странство да присуствуваат на церемонијата. Иранските власти изјавија дека очекуваат од 15 до 20 милиони ожалостени да присуствуваат на државниот погреб, а полицијата прогласи состојба на висока тревога за да го обезбеди настанот. Како што е најавено, на погребот ќе присуствуваат високи функционери и претставници од повеќе од 30 земји, вклучувајќи ги Русија, Кина, Пакистан, Индија, Грузија и Куба, додека ќе учествуваат и верски лидери од 90 земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook