Се собираат донации за Канје Вест: Да му помогнеме повторно да биде милијардер - Канал 5

Се собираат донации за Канје Вест: Да му помогнеме повторно да биде милијардер

Поддржувачите на Канје Вест, наводно, отвориле страници за собирање средства со надеж дека ќе го вратат статусот на милијардер на раперот, бидејќи неговото богатство опаѓа благодарение на серијата антисемитски пораки што ги шири на социјалните мрежи.

Се собираат донации за Канје Вест: Да му помогнеме повторно да биде милијардер

Меѓутоа, во нивната мисија да го наполнат паричникот на Вест, тие се отприлика успешни како Канје во последно време. Една страница со наслов „Направи го Вест повторно милијардер“ собрале само пет долари и набрзо била отстранета. Друга таква страница не успеала да собере ниту една донација за целиот ден. Најуспешната страница собрала вкупно 25 долари.

Минатата недела Форбс потврди дека Канје Вест повеќе не е на листата на милијардери и откриле дека неговото богатство сега вреди околу 400 милиони долари.

Да потсетиме дека Канје Вест ја шокира јавноста откако на Твитер напиша дека Евреите ги контролираат медиумите и имаат за цел да ја уништат афро-американската заедница. Последователно, тој беше забранет од Твитер и Инстаграм, но откако Илон Маск го презеде Твитер, неговиот профил на платформата беше вратен.

Во меѓувреме, поранешниот соработник на Канје открива дека раперот бил фасциниран од Хитлер и сакал да го именува албумот по него. Вест и претходно предизвикуваше скандали, како носењето маица со натпис „White Lives Matter“ на претставувањето на неговата најнова колекција на модната недела во Париз.

По скандалот, поранешната сопруга на раперот Ким Кардашијан и членовите на нејзиното семејство повикаа да се прекине „ужасното насилство и реториката на омраза“ кон еврејската заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Локалната власт со инвестиции во спорт и образование, а за земјоделците олеснет пристап до административни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Инфраструктурата на локалната власт во Росоман предводена од ВМРО-ДПМНЕ е приоритет, исто како што се и образованието, спортот и животната средина.

Се работи на реконструкција на повеќе улици, а голем дел се веќе и завршени, како во село Сирково, Манастирец каде проектот беше во соработка со Министерство за спорт и Светска банка, а со што дополнително се изработија и сообраќајни решенија.

За ЈПКД Росоман беше набавена опрема, и преку претпријатието за прв пат беше активирана зимската служба. Целта на локалната власт е ЈПКД Росоман да биде совртемено и опремено претпријатие кое ќе може самостојно да одговара на потребите на општината.

Општината инвестира во паркови, зеленило, како и во спортот, за младите да имаат подобри услови. Во моментов се реконстуира стадинот во Росоман, на трибината да има нови 350 места, донација од ФФМ, а се работи и осветлување на цел терен.

Во функција е ставена и подрачна единица за земјоделие за да можат земјоделците да си ги завршуваат административните обврски во местото од каде доаѓаат, а за земјоделците беа исплатени над 24 милиони денари за штетите од мраз од 2025 година.

Се работи и на чистење на диви депонии, па така беа исчистени неколку, во Паликура, Манастирец и Сирково и се поставија контејнери за кабаст отпад на околу 10-тина локации.

Во основното училиште ,,Пере Тошев“ е изградена летна училница и се реализира набавка на нагледни средства, како и реконструкција на останати делови од тој објект. За најмладите, веќе е во подготвка нов дел на детската градинка ,,Праскичка“, за да има поголем капацитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер