Се снимале голи и воделе љубов на врвот на Кепсовата пирамида (видео)

Египетската полиција започнала истрага откако еден дански пар се искачил на Кеопсовата пирамида во Гиза, за потоа да се фотографираат голи во текот на сексуалниот однос на врвот на една од најголемите туристички атракции во земјата.

Министерот за културно наследство, Калед ал-Анани поднел кривична пријава против парот, известил весникот „Ал-Ахрам“.

На видео снимката може да се видат маж и жена како се качуваат на врвот на Големата пирамида, а на крајот има замрзната фотографија на која позираат голи додека водат љубов.

Не се знае дали парот се уште е во Египет.

Снимката која трае три минути објавена е на Јутуб и предизвика огорченост кај Египќаните.

„Скандал на врвот на пирамидата....Како само можеле да се качат? Сигурно ги подмитиле чуварите“, напишал еден корисник на Твитер.

Лојд Остин тврди дека Русија го проширува и модернизира својот нуклеарен арсенал

Русија го проширува и модернизира својот нуклеарен арсенал, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Тој ја коментираше темата за нуклеарниот арсенал на Русија на церемонијата на инаугурација на командантот на Стратешката команда на САД, која го надгледува американското нуклеарно оружје.

– Кремљ ја продолжува својата брутална и неиспровоцирана војна против Украина, а целиот свет го виде Путин како се впушта во крајно неодговорно ѕвецкање со нуклеарно оружје, рече Остин.

Алармантно предупредување на Столтенберг: Војната во Украина може да излезе од контрола

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека војната во Украина „може да излезе од контрола, да се прелее во Европа и на тој начин да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО“, пренесува АП.

- Ако работите тргнат наопаку, може да тргнат навистина, навистина погрешно, изјави тој за норвешката државна телевизија НРК.

- Во Украина се води страшна војна. Исто така, тоа е војна која може да се претвори во голема војна меѓу НАТО и Русија. Работиме да го избегнеме тоа, рече тој.

Поранешниот норвешки премиер додаде дека нема сомнеж дека постои можност за „голема војна“, велејќи дека е важно да се избегне конфликт во кој учествуваат неколку земји во Европа.

Кремљ постојано ги обвинуваше земјите-членки на НАТО дека всушност избираат страни во конфликтот затоа што испраќаат оружје во Украина, обучуваат украински војници и споделуваат воено разузнавање со Киев.

Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин денеска во главниот град на Киргистан, Бишкек, рече дека секоја земја што ќе се осмели да ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде збришана од лицето на земјата.

Путин, кој присуствува на самитот на Евроазиската економска унија (ЕЕУ) во Киргистан, рече дека Русија нема мандат да изврши превентивен нуклеарен удар, за разлика од Соединетите држави, но дека руското напредно хиперсонично оружје ќе обезбеди Русија да може силно да одговори ако некогаш биде нападната.

Хрватска оди во полуфинале на СП, откако го елиминира Бразил

Хрватска го елиминира Бразил на пенали по драматичното изведување пенали и вторпат по ред победи за полуфинале на Светското првенство.

Избраниците на Златко Далиќ во вторник на 13 декември ќе играат во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Холандија и Аргентина. Вечерва од 20 часот играат Холанѓаните и Аргентинците.

Во преостанатите четвртфинални натпревари во сабота се среќаваат Португалија и Мароко и Англија и Франција.

притисни ентер