Се снимала гола на загрозен вид слон, за да добие лајкови на Инстаграм (ВИДЕО)

Инфлуенсерката на Инстаграм, Алесија Кафелникова на својот профил објави видео на кое може да се види како позира гола на загрозен вид слон, што ги налутило нејзините бројни следбеници.

Веднаш по објавувањето, се јави за „ The Sun “ портпаролот на здружението „ Save the Asian Elephants “, кој не ја криел одвратноста од нејзиното однесување.

"Снимена е на азиски слон и токму овој вид на слонови постојано се бори за да преживее затоа што брутално се експлоатира за туризам и забава. Save the Asian Elephants законски се залагаат за забрана за рекламирање и продажба на неетички места каде што овие специјални суштества се комерцијализираат и злоупотребуваат “, изјави портпаролот.

После голем број негативни коментари, Кафелникова објавила уште една фотографија со слон.

"Сакам слонови и го сакам Бали. Тоа беше приватна фотографија, немав намера да ги повредувам чувствата на локалното население. Ја сакам тамошната култура и ги почитувам правилата на Индонезија. Жал ми е ако видовте нешто негативно во ова. Јас сакав да покажам дека ги сакам и почитувам животните, а особено слоновите, повеќе од сè “, објавила таа.

Шетајќи се покрај плажа, нашла смрдлива грутка и дознала дека вреди цело богатство (ВИДЕО)

Среќна жена од Тајланд пронашла грутка од повраќаници од китови вредна 260.000 американски долари ,додека шетала на плажа.

49-годишната Сирипорн Ниамрин одела покрај плажата по бура кога забележала чудна грутка што морето ја исфрлило на брегот. Кога дошла да види за што станува збор, забележала силен мирис на риба.

Грутка тешка седум килограми, со широчина од 30 сантиметри и долга 60 сантиметри, ја однела дома мислејќи дека можеби ќе може да ја продаде и се покажало дека е во право.

Се испоставило дека открила грутка исушена повраќаница од кит, позната и како килибар, проценета на 260 000 американски долари.

Сирипорн моментално чека да ја посетат експерти кои треба да потврдат дека станува збор за вистински килибар, ретка состојка што се користи во производството на парфеми.

"Ако се покаже дека е вистинска килибар, ќе го продадам за да и помогнам на заедницата во која живеам. Среќна сум што најдов толку големо парче. Го чувам безбедно во мојата куќа", рече Сирипорн.

Амбрата се произведува од китови кога нивните жолчни канали во дигестивниот тракт создаваат секрети за да го олеснат минувањето на големи или остри предмети. Китовите потоа повраќаат слуз што се стврднува и плови во грутки на површината на морето, пишува „Дејли меил“.

Владата усвои во приватниот сектор да се почитува етничка, полова, и религиозна категорија

Од Владата соопштија дека денеска е прифатен Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и  услуги на пазарот на трудот за 2021 година.

Со него меѓу другото се предвидува, да се почитува принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот - стои во соопштението од Владата.

Грчката полиција разбила мрежа на криумчари со луѓе

Грчката полиција денеска објави дека успешно ја разбила мрежата на илегални трговци со луѓе и пасоши и уапсила шестмина осомничени.

Против сите осомничени веќе имало потерници под обвинение за основање на криминална организација за трговија со луѓе, нелегално преминување на граници, испраќање бегалци во европските земји и обезбедување на нивното криење.

Покрај шестмината осомничени, полицијата уапсила и петмина мигранти, одзеле повеќе од 70 пасоши, а целата акција била поддржана од ЕУРОПОЛ, пренесува агенцијата АНА.

притисни ентер