Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
Шоу бизСе снима филм за кралот на попот Мајкл Џексон!!За славниот крал на попот Мајкл Џексон се снима филм, а се знае кој ќе го глумиФилмските студија „Lionsgate“ и „Universal Pictures“ објавија дека месецов започнува снимањето на филмот за кралот на попот Мајкл Џексон. Ликот на легендарниот Џексон ќе го толкува неговиот 27 годишен внук Џафар Џексон , а филмот треба да пристигне во кината ширум светот во 2025 година. Режисер е Антоан Фука, кој е познат по филмовите „Ден за обука“ и „Праведниците“. Тој ги откри плановите за биографски филм за Мајкл Џексон минатиот јануари. Овој филм треба да го прикаже целиотживот на Џексон. Тој беше еден од најпознатите пејачи, но неговиот имиџ во јавноста беше нарушен поради ексцентричниот начин на живот и обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца, кои не беа потврдени на суд. - Мислам дека не постои уметник кој бил толку силен, харизматичен и генијален во областа на музиката како Мајкл Џексон. Мојата продукција на музички видеа имаше големо влијание од неговите видеа. Неговата музика и слики се дел од мојот поглед на светот. Не можев да одолеам на можноста да ја пренесам неговата приказна и музика на големото платно - рече Фука во најавата за филмот. Сценариото за филмот го напиша Џон Логан. Тој меѓу другите ги напиша сценаријата за „Гладијатор“ и филмот за Џејмс Бонд „Спектар“ . Инаку, Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаАнима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност! Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме? Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен. Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови. Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон! БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ! Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка. Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот. Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПоради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа Кавги, дофрлања, навреди, аплаузи и бројни процедурални забелешки – хаотична седница во Собранието откако спикерот Гаши констатираше дека опозициските пратенички прашања нема да се одржат. Неговата одлука следи по двете побарани едночасовни паузи, со што според него било потрошено предвиденото време за поставување на прашања. Повикувајќи се на деловникот, Гаши рече дека времето почнало да тече откако е усвоен дневниот ред, а според опозициските партии тој со свое толкување ја саботирал седницата. За да се смират тензиите Гаши свика вонредна координација. Ова е прв случај да не се одржат опозициските прашања откако се воведени со новиот Деловник на Собранието. На почеток првата пауза ја побараа од ДУИ бидејќи министрите за кои имале прашања не биле присутни во салата, а втората пауза ја побараа од ЗНАМ со образложение дека, со барањата за паузи опозицијата досега не покажала интерес за прашања до премиерот и министрите. Според претседателот на Собранието, денеска сите министри се одзвале на поканата, освен тие кои се на службени патувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСтојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.Денеска сакам да ве известам за две работи.Прво, СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка. По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение. Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме. Тоа што тие го правеа изминативе денови, со фабрикувани лаги во јавноста, кои вчера им се распрскаа, повторно укажуваме дека сакаме да се свика и да се продолжи надзорната расправа, за да продолжиме дополнително со разјаснувањето на фактите кои исклучително ја прикажуваат вистината. Во текот на денот, една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, писмено ќе се обратиме до претседателката Сања Лукаревска, со цел, повторно ќе кажам, итно и неодложно, утре да ја продолжи надзорната расправа, со цел усвојување на заклучоци. Сè друго е бегање од вистината, бидејќи, како што кажав претходно, беа вчера соочени со истата и сите можевте да видите како заврши. Втората работа е дека опозицијата, особено СДСМ, прави сè што може за да го спречи поставувањето на опозициските пратенички прашања. Самите си бараат пауза, заради тоа што не сакаат да прашуваат, бидејќи не е во нивен интерес да се знае вистината. Видовме дека има неколку пратеници пријавени. Сите оние за кои тие сметале дека треба да дојдат и да одговорат на нивните прашања, беа во Собранието. Но, по сè изгледа, по тоа што се случи вчера, не сакаат јавноста да ги знае одговорите за Алта банка, но и за сите други случувања. Овие два преседани сметам дека се невидени. Ако нешто започнеме, треба да го завршиме и ние ќе направиме сè како мнозинство. Прво, надзорната расправа да заврши и да се усвојат заклучоци, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните. А второ, кога ќе се свика седница за опозициски прашања, тие кои бараат да дојдат оние функционери на кои сметаат дека треба да им ги постават прашањата, треба да дозволат одржување на таква седница, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter