Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотСе сликала гола, земала пари од болни деца: Контроверзната убавица која стана прва дама (фото)Карла Бруни Саркози сега има 48 години, целиот свој живот беше една од оние девојки кои “газат преку мртви“ за да дојдат до тоа што го сакаат.Да почнеме со ред. Родена е во Торино на 23 декември 1967 година. Таа е италијанско-француска музичарка, која работела и како модел. Фотографиите на кои е разголена не и се нешто непознато, а неодамна и самата објави фотографија во топлес на својот инстаграм профил. #stardustmemories - Jeunesse de Miel - Été 1992, Cap Nègre, mon frère Virginio et moi par Helmut Newton - We were young - Summer 1992, my brother and I by Helmut Newton. Tribute weekend to the great #helmutnewton #masterofphotography #nostalgia A photo posted by Carla Bruni (@carlabruniofficial) on Jul 2, 2016 at 9:54am PDT Во фебруари 2008 година се омажи за тогашниот претседател на Франција, Никола Саркози и така стана првата дама. Но, со многу бурно минато. Родена е во пребогата фамилија. Наследничка е на најголемата италијанска компанија за производство на гуми, кој ја основал нејзиниот дедо Вирџинио Бруни Тедески. Компанијата е продадена на Пирели, но Карла сепак останала еден од косопствениците. Бруни пораснала во Франција од својата седма година, а на училиште одела во интернат во Швајцарија. Заминала во Париз на студии за уметност и архитектура, но со само 19 години го напуштила училиштето за да стане манекенка. Ќерка е на италијанската концертна пијанистка Марис Борини и индустријалецот и композитор на класична музика Алберто Бруни Тедески. Меѓутоа Карла во магазинот „Венити Фер“ изјави дека нејзиниот татко е Бразилецот со италијанско потекло, Маурисио Ремерт, кога младиот гитарист имал шестгодишна афера со нејзината мајка. Нејзината сестра е актерката и филмската режисерка, Валерија Бруни Тедески. Нејзиниот брат Вирџинио Бруни Тедески, починал во 2006 година, од компликации здобиени од ХИВ вирусот. Од страната на биолошкиот татко има полусестра. Консуела Ремерт. Карла станала модел на 19 години, а работела за компаниите Диор, Живаши, Гес, Шанел, Карла Лагерфилд, Џон Галијани, Версаче....Била меѓу 20 најплатени манекенки во светот, со заработка од скоро 8 милиони долари годишно. Пред Саркози, Карла се забавуваше со Ерик Клептон и Мик Џегер. Сакаше забави и сето останато што оди со нив.....Се сликаше гола, а кога се омажи за тогашниот претседател на Франција, се појави слика на која е разголена и која тогаш беше продадена за 91.000 долари. После манекенството, Карла и се посвети на музиката, поточно во 1997 година го издаде својот прв албум. Десет години подоцна, Бруни го сретна свежо разведениот Саркози. Тие двајцата се запознале во ноември 2007 година, на една забава. Веднаш започнале романса, а веќе на 2 февруари 2008 година се венчале. Неа тоа и бил прв брак, а на него трет. Подоцна добија и ќерка. Карла Бруни од хуманитарниот Глобал фонд, со седиште во Швајцарија, земала 2.75 милиони евра и тие пари наместо за кампањата против сида, му ги дала на пријателот, музичарот Жулиен Синанж. Инаку, Карла Бруни е хуманитарен амбасадор, а во 2010 година ја започна кампањата „Роди се без ХИВ“, која има за цел да собере пари за заштита на мајките и децата од сида. Бруни од Глобал фонд дала 2.75 милиони евра на компаниите во сопственост на Жулиен Сиванж, вклучувајќи и 608.000 евра уплатени директно на неговата сметка во име на промоцијата на акцијата „Роди се без ХИВ“. Подоцна се дознало дека парите кои се дадени за кампањата се минимални. Поранешната манекенка и пејачка признала дека парите кои му ги дала на Сиванж биле за да ја промовира нејзината работа и дека тие средства се потрошени според правилата. Се зборува дека тој е често во друштво на Карла, како и тоа дека има сопствена канцеларија и секретарка во Елисејската палата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter