Се скарал со сопругата за политика- земала коска од супата и го претепала, завршил во болница - Канал 5

Се скарал со сопругата за политика- земала коска од супата и го претепала, завршил во болница

Полицајците од полскиот град Бартошице приведоа 44-годишна жена откако за време на расправија со сопругот извадила коска од супата - и почнала да го удира.

Се скарал со сопругата за политика- земала коска од супата и го претепала, завршил во болница

Причина за тепачката биле резултатите од локалните избори, а мажот завршил во болница со крваво лице, пренесува Тајсол.

Бизарната приказна го привлече вниманието на локалните медиуми, а снимката на дневниот весник TVN24 стана вирална.

„Политиката може да биде брутална и опасна. 48-годишен маж е однесен во болница облеан во крв по расправија со сопругата“, вели во својот извештај репортерот Мариус Сидоркевич.

Тој додаде дека емоциите го достигнале својот врв и не стивнувале додека полицијата не пристигнала на местото на настанот.

„Денеска е закажано рочиштето на жената, бидејќи треба да се отрезни. Се планира и претрес на станот, бидејќи коската некаде се изгубила“, заклучи Сидоркевич.

Потоа камерата се вратила во студиото, а водителката не можела да престане да се смее. Во позадина се слушала и смеата на останатите членови на тимот.

@natemat.pl

Żona zaatakowała męża kością z zupy. Pokłócili się o wybory. Prezenterką TVN24 nie mogła powstrzymać śmiechu. Zrodlo: tvn24

♬ dźwięk oryginalny - naTemat.pl

Корисниците на Твитер не ја пропуштија можноста да го коментираат случајот.

„Да го нападнеше со нож, веројатно немаше да има смеење“, напишал еден, додека друг додаде: „О, овие еднакви стандарди и стандарди“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

Претседателката на Европската комисијата ja кажа вистината во лице. Македонскиоот идентитетот е заштитен. Јазикот е заштитен.  

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

На маса се реформите, европското обвинителство и промена на Уставот. Нема нови услови. Нема нова преговарачка рамка, нема гаранции.

Нема ниту поништување на Преспанскиот договор, ниту враќање на името како што ветуваше Мицкоски.

Лагите со кои дојде на власт паднаа во воа.

Кога нема нова лага што сега ќе може да ја продава како магла, арамијата се обидува повторно да разгорува.

Пред заминувањето на Тимчо Муцунски на средба следната недела, Мицкоски зборува за капитулација на фашистичка Бугарија и за окупација на територијата на денешна Македонија во Втората светска војна.

Не зборува за решение. Зборува за да не може ниту да се седне на масата.

Сам вели: разговараме, не преговараме. Точно. Не преговара затоа што не бара исход. Бара конфликт што трае. Со Грција така. Со Бугарија така. Од кампањата до денес.

Така не се оди ни кај сосед, а камоли во преговори за врата кон Унијата.

Така не се доаѓа до решение.

Пример што секој го разбира. Не го каниш соседот ако не сакаш да го пречекаш.

Потоа да се чудите што масата останала празна. Тоа не е дипломатија. Тоа е изговор да не се влезе.

СДСМ не спори со историјата. Историјата ја решаваат историчари. За државата тука се институциите, тие треба да обезбедат напредок.

Арамијата ја користи првата за да ја запре втората. Затоа што ЕУ носи правила, а правилата не му одговараат на шефот на бандата.

Средбата следната недела веќе е поткопана. Од Мицкоски. Од човек што, штом ќе остане без лага, разгорува тензија.

Скопје, 06.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло

 Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ е во прекин поради истекување на масло по гаснењето на запалено товарно возило, соопшти Авто-мото сојузот на Република Српска.

Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло

Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина (УИО) синоќа соопшти дека сообраќајот сè уште е во прекин на меѓународниот граничен премин Рача-Сремска Рача, откако во вечерните часови избувна пожар на камион со регистарски таблички од БиХ, додека се наоѓал на мостот меѓу Босна и Херцеговина и Србија.

Камионот се запалил среде мостот откако претходно го напуштил царинскиот терминал на Управата. Во приколката се превезувал товар од алуминиумски скали наменети за извоз од Босна и Херцеговина во Романија.

Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина ги повика возачите на камиони, како и останатите учесници во сообраќајот, да користат други алтернативни меѓународни гранични премини за да избегнат подолги задржувања. Противпожарните служби брзо интервенираа и го изгаснаа пожарот на камионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпревар

Македонската репрезентација вечерва ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.

Седлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпревар

„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски.

Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена.

„Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски.

Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка.

Висар Муслиу очекува од македонската репрезентација максимална тимска ангажираност против еден од најквалитетните противници во групата.

„Швајцарија не е само офанзивно силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно ако сакаме да бидеме успешни“, вели Муслиу.

Дефанзивецот признава дека резултатите во овој циклус не се онакви какви што очекува јавноста, но нагласува дека тимот мора да покаже реакција.

„Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б е поквалитетна и тимски и индивидуално, но мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.“

Муслиу упати и апел за поддршка од навивачите, особено во период кога резултатите не се на посакуваното ниво.

„Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро, никој ништо не кажува, но кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари да бидеме подобри.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер