Се шокирал од глетката во сопствената кујна (ВИДЕО)

Еден човек од Јужноафриканската Република снимил змија како фаќа гекон - во сопствената кујна.

Тим Браун, кој вообичаено е водич на сафари во Националниот парк Кругер во Јужна Африка, не беше малку изненаден кога видел долга зелена змија како фаќа гуштер во неговата кујна. Снимките се објавени на сајтот на паркот и веднаш предизвикаа бројни реакции.

Патем, овие змии, Philothamnus semivariegatus, не се отровни и се практично безопасни за луѓето, но многумина признаа дека би се онесвестиле кога би биле сведоци на таква сцена во сопствената кујна.

"Овие змии немаат отровни жлезди. Секако, тие имаат прилично остри мали заби, но ретко се способни да ја пробијат човечката кожа. Нивниот плен се гекони и мали жаби, што ги фаќаат и голтаат живи “, вели експерт за змии, Ворен Дик.

Пендаровски со честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, митрополит Скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

-Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа. Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов, вели Пендаровски.

-Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! Бог се јави!, стои во честитката од шефот на државата Пендаровски.

Утре без струја дел од Карпош

Без електрична енергија утре ќе останат: корисниците од дел од ул.Копенхагенска, ул.Софиска, ул.Петар Драганов и ул.Стокхолмска, во општина Карпош.

Како што информира РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 9-12 часот.

ВМРО-ДПМНЕ:Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори,да ги примени и за пописот

Секаде во светот се попишуваат граѓани кои живеат во одредена земја, само пописот по стадарди и методологија на Заев не е така. 

Законот за попис кој што насила го турка власта на заев не е статистичка туку пазарџиско политичка операција. Нема ниту евроспки стандарди, ниту јасна методологија. Попишувањето кое го замислил Заев е едноставно диктирање на амтични броеви кое значи фалсификат на реалноста.

Од ова штета имаат сите граѓани, а најмногу Македонија.

Затоа власта својот политички договор кој сакаат да го прикажат како закон за попис го туркаше шверцерски и без општетствен консензус целосно игнорирајќи го тоа што го укажуваше ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност.

Затоа власта на Заев сака да спроведе тн попис во услови кога европски земји и земји од регионот го одложуваат. Јасно е дека Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори, да ги примени и за пописот.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на ова ќе се спротивстават и доколку насилно го изгласаат, тогаш ќе почнеме иницијатива за собирање потписи во подрачните канцеларии на Министерството за правда за носење на закон за укинување на постојниот закон за попис кој ќе биде основа за фалсификатот кој го турка власта.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер