Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл - Канал 5

Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл

Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл

Компанијата Лидл информира дека на социјалните мрежи, односно на Фејсбук и Инстаграм, се шири лажна наградна игра во која се наведува дека се доделуваат брендирани мини фрижидери. Во објавата се бара од корисниците да кликнат на линк, да пополнат анкета и да учествуваат во наградна игра.

Ја известуваме јавноста дека оваа наградна игра не е организирана од Лидл, ниту има каква било поврзаност со нашата компанија.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични податоци на непроверени линкови, со цел да се заштитат од можни злоупотреби.

Сите официјални информации за наградни игри, промоции и активности, компанијата, кога ќе почне со работа со маркети во Македонија, ќе ги објавува исклучиво преку официјална интернет-страница и преку официјалните канали на социјалните мрежи за што јавноста ќе биде навремено известена, стои во официјалното соопштение од компанијата ЛИДЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци

Мајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“.

Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци

Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес.

Според полицијата, нападот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во одделението за внатрешни работи во кавадарци, а се случил два дена претходно, на 16 ноември.

За случајот се известени јавен обвинител и центарот за социјални работи во Кавадарци. полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин пред медиумите за средбата со Трамп и Си

Претседателот на Русија, Владимир Путин им се обрати на медиумите по трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Путин пред медиумите за средбата со Трамп и Си

Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена.

По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации.

Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам добро

Белгискиот тренер Винсент Компани се враќа на клупата на европскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по едномесечно отсуство поради здравствени проблеми. 

Компани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам добро

Белгиецот изјави дека се чувствува добро.

„Беше многу интензивно. Во тој момент, тоа беше ново искуство. Кога ќе погледнам наназад, сè помина совршено. Добив поддршка и од клубот и од лекарите. Многу сум благодарен. Се обидувате брзо да пронајдете внатрешен мир и да ги чекате резултатите. Тоа беше позитивен процес; сите тестови покажаа добри резултати. Морам да кажам дека сум во многу добра здравствена состојба – направивме многу прегледи и сè беше во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и пресреќен сум што сум повторно со тимот“, изјави Компани за веб-страницата на клубот.

Во петок, Компани ќе го предводи Баерн на натпреварот од 10. коло во Бундеслигата против Келн. Минатиот месец, за време на еден тренинг, Компани имаше здравствен проблем поради кој пет дена помина во болница. Тој се лекуваше од иритација на мозочните обвивки – воспаление на ткивото што ги опкружува мозокот и 'рбетниот мозок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер