Се шири блокадата на факултетите во Белград - Канал 5

Се шири блокадата на факултетите во Белград

Од вторник, 3 декември, блокадите започнаа и на Архитектонскиот факултет,  Факултетот за политички науки и на Факултетот за физичка хемија, каде што ќе траат од 08:00 до 21:00 часот.

Се шири блокадата на факултетите во Белград

По вчерашната блокада на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Ректоратот на Белградскиот универзитет, на Филозофскиот, Филолошкиот факултет, Факултетот за драмски уметности и Природно-математичкиот факултет во Белград, денес на блокадите им се приклучија и студентите од Архитектонскиот факултет, Факултетот за физичка хемија и Факултетот за политички науки, јави дописникот на МИА од Белград.

Од вторник, 3 декември, блокадите започнаа и на Архитектонскиот факултет, Факултетот за политички науки и на Факултетот за физичка хемија, каде што ќе траат од 08:00 до 21:00 часот.

На одлуката на студентите на Факултетот за физичка хемија се приклучил и деканот на тој факултет кој го потпишал решението на студентите.

Според извештајот на Архивата на јавните собранија, академските граѓани сочинуваат три четвртини од сите учесници на протестите во Белград. Со тоа студентскиот дел од акцијата „Застани, Србија“ всушност стана најмасовниот универзитетски протест од 1996/97 година.

Студентите од овие факултети бараат објавување на комплетната документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, која се чува во тајност. Бараат и отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените на протестите по трагедијата.

Студентите бараат од МВР да поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство во Белград против лицата кои физички ги нападнаа професорите и студентите, кои во јавноста се познати и „непосредна потврда на идентитетот на овие лица и нивно процесуирање“.

Во случај да се утврди дека некое од овие лица е на јавни функции, студентите бараат нивно разрешување.

Уште едно барање е зголемување на буџетските средства за државните факултети за 20 отсто.

Во соопштението се повикуваат сите студенти да им се придружат, напоменувајќи дека се работи за „непартиска и самоиницијативно собрана“ група студенти. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од Мароко

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.

Манчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од Мароко

18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор .

Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија.

Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето.

„Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади.

Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона.

На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

Секое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со Путин

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на  Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..

Шефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со Путин

-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп.

Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“..

Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва.

Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер