Се шетала по плажа и пронашла заб од мамут, стар 1,8 милиони години - Канал 5

Се шетала по плажа и пронашла заб од мамут, стар 1,8 милиони години

Крис Биен (56) се шетала по плажата во Есекс кога забележала необична „брановидна линија“ во песокот. Таа се приближи и сфати дека открила нешто посебно.

Се шетала по плажа и пронашла заб од мамут, стар 1,8 милиони години

Оваа жена е страстен „ловец на фосили“, а овој пат имала неверојатна среќа. Таа најде, ни помалку ни повеќе, туку заб на степски мамут!

Плажите во северен Есекс се познати по своите фосилизирани богатства, но Крис беше изненадена.

„Го видов како излегува од песокот и помислив дека можеби е заб. Копав со раце, бидејќи беше длабоко во песокот“, објасни таа.

Забот е целосно фосилизиран, долг 17 сантиметри и тежок околу два килограми, пишува New York Post.

Степски мамут талкал по Земјата пред 1,8 милиони години, а Крис верува дека пронашла само половина од забот.

Таа планира да го стави во дестилирана вода неколку недели пред да го зачува со лепак и етанол.

„Сакам луѓето да знаат за богатата историја на оваа област. Наша должност е да пријавиме такви откритија, но јас би сакала да го задржам и да ѝ го покажам на јавноста“, изјави Крис, член на археолошкото друштво „Хоув“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во живо

последно ажурирање пред 13 минути

СП2026: Продолженија во Њу Џерси, во големото финале Шпанија - Аргентина

Голомото финале на 23 Светско фудбалско првенство меѓу Аргентина и Шпанија замина во продолженија по регуларните 90 минути без голови.

СП2026: Продолженија во Њу Џерси, во големото финале Шпанија - Аргентина
пред 13 минути23:29

6 минута од првото продолженија гол на младиот Шпанец, Нико Вилијамс, Словенецот Винчиќ свири фаул над голманот на Аргентина Мартинез, голот е поништен нема реакција ниту од ВАР собата иако има материјал за тоа.

пред 13 минути23:24

Одбранбениот бедем на актуелниот светски шампион Аргенитна ги издржа сите напади на најдобриот европски тим Шпанија.

Фудбалерите на црвената фуија во регуларите 90 минути ја имаа конролата и поседнот на играта но не успеаја да го совладаат вечерва одличниот Мартинез на голот на Аргентина.

Шпанските фудбалери упатија дури 15 шутеви кон голот на противникот но ниту еден не заврши во мрежата на Мартинез.

Бранителот на тронот ниту еднаш не го загрози голот на Симон.

Во продолженијата гаучосите по заслуженото исклучување на Енцо Ферандез играат со човек помалку.

Ова инаку првото мундијалско финале во кое играат актуените континетални шампиони на Европа и Јужна Америка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најубавата српска спортистка се соблече! Ова не е бикини, туку конец!

Најубавата српска ракометарка, Сара Гаровиќ, покрај со своите одлични игри на теренот, плени и во приватниот живот. 

Фото:  Најубавата српска спортистка се соблече! Ова не е бикини, туку конец!

На Инстаграм ја следат повеќе од 30.000 луѓе, а таа често ги радува со провокативни фотографии што ја потврдуваат нејзината титула на една од најубавите спортистки во Европа.

Најновата профилна фотографија ја прикажува Сара во бикини, како позира со два прста кренати високо додека стои на пешкир, со контроверзен натпис:

Добро „га.е“.

Сара Гаровиќ својата кариера ја изгради во ракометот. Започна во белградските клубови „Авала“ и „Вождовац“, а преку двојна регистрација настапуваше и за „Инџија“.

Нејзиниот пат потоа ја водеше низ „Раднички“, „Јуниор“, „Медицинар“ од Шабац и „Бекамент“ од Аранѓеловац, пред да стане шампионка на Србија со „Црвена ѕвезда“, за која настапува во последните две и пол години.

Меѓународно искуство стекна во Полска и Германија, каде што забележа значајни резултати во европските натпреварувања со „Борусија Дортмунд“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Поранешната Мис Бум Бум, инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најверните и најконтроверзните обожавателки на Лионел Меси, е блиску до исполнување на ветувањето што неодамна го даде. 

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство, а доколку го освојат трофејот, провокативната Сузи ќе мора да направи нова тетоважа со ликот на Меси но сега како што најави самата на нејзинтимното место на нејзиното тело.

Со тој потег Сузи уште еднаш ќе покажа колу го обожува својот омилен фудбалер.

„Веќе имам седум тетоважи посветени на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, а една од нив е на интимен дел од телото. Сепак, ако Аргентина освои уште едно Светско првенство, ќе исполнам уште едно ветување – ќе направам нова интимна тетоважа во чест на Меси. И бидете сигурни... таа ќе го шокира целиот свет. Сите што ме следат знаат дека секогаш го исполнувам она што го ветувам. Напред, Аргентина!“, изјави Сузи.

Поранешната победничка на натпреварот „Мис Бум-Бум“ во Бразил претходно се поврзуваше со контроверзиите околу Жерар Пике. Според нејзините тврдења, таа била меѓу жените на кои поранешниот шпански репрезентативец наводно им испраќал експлицитни фотографии додека сè уште бил во врска со пејачката Шакира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер