ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
ЖивотСе шетал на плажа и нашол старо шише- поради неговата содржина некогаш се одело во затворОстин Контегијакома неодамна го шетал своето куче на плажата во Њу Џерси, не сфаќајќи какво изненадување го чека.Му фрлал топка на својот миленик, а потоа сфатил дека нешто друго му го привлекло вниманието на плажата. Животното почнало да се трие од необичен предмет, па отишол да провери што е тоа. Тогаш сфатил дека кучето пронашло стаклено шише со врежан напис и кафеава течност. Набрзо пронашол уште 10 идентични шишиња, кои ги зел и ги однел дома. „Најпрво мислев дека е урина, а шишињата беа покрај куп школки и други остатоци што беа исфрлени покрај морето за време на бурата“, објасни тој. Остин забележал дека на секое шише имало натпис Lincoln Inc, па решил да ја истражи мистеријата. Му се јавил на пријател и заедно пребарувале на интернет, надевајќи се на каква било информација. Тие на крајот дознале дека тоа е виски кое се произведувало во дестилерија во Монтреал во 1930-тите, и дека компанијата згаснала кон крајот на 1970-тите. Потоа објавил фотографии од шишињата на Reddit кои привлекле големо внимание, пренесува Fox News. Остин објаснил дека пронајдените шишиња биле запечатени и дека верувал дека вискито е веројатно во добра состојба. Останува мистерија како тие завршиле на плажа, поточно во морето, а корисниците на Редит веруваат дека некогаш биле прошверцувани на брегот на Њу Џерси. „За време на прохибицијата, вискито се испраќаше во близина на брегот на Џерси, а шверцерите го купуваа во чамци и го транспортираа до брегот“, напишало едно лице. Прохибицијата значела законска забрана за производство, продажба и транспорт на алкохолни пијалоци со цел делумно или целосно искоренување на алкохолизмот. Кон крајот на јануари 1920 година, во Америка е активиран Законот за национална забрана, познат како Volstead Act, што доведе до тешки казни, но и до нов вид криминал. Шверцерите на алкохол заработија огромен профит, а меѓу најпознатите беше Ал Капоне. Избувнаа и војни меѓу шверцерските банди, со многу жртви. До крајот на 1933 година, повеќето американски држави ја укинаа Прохибицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до властДодека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки. СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања. Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста. Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против ИранАмериканскиот сенат усвои резолуција со која од Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook