Нови детали за мистериозната смрт на брачна двојка во џакузи на одмор во Шпанија- децата ги пронашле телата
2Нови детали за мистериозната смрт на брачна двојка во џакузи на одмор во Шпанија- децата ги пронашле телата
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
Шоу бизСе сеќавате на детето од И-Ти? Вака изгледа денес, а гледачите се изненадија кога сфатија каде се го виделеХенри Томас во 1982 г. го освои срцето на публиката со филмот „И-Ти“, а 2018 г. се појави во популарната серија „Проклетата куќа на брдото“, додека оваа година заигра и во „Проклетата оловна куќа“. Актерот останал верен на својот жанр, па повторно доби главна улога во филм за натприродното. Хенри во раното детство доби прилика да го покаѓе својот талент во филмот на угледниот режисер Стивен Спилберг, кој беше номиниран за 9 Оскари, а освои четири. Дејството се врти околу 10-годишното момче Елиот кој се спријателува со вонземјанчето кое е напуштено на Земјата. Пред две години Хенри се појави во Нетфликсовата хорор серија „Проклетата куќа на брдото“("The Haunting of Hill"), каде ја играше улогата на Хју Креин, чија сопруга полудува откако ќе се преселат во новиот дом со четирите деца,а таму ќе бидат пречекани од духови. Томас се појавува и во новата хорор серија „Проклетата оловна куќа“ ("The Haunting of Bly Manor") во продукција на истиот тим за Нетфликс. Првата епизода е емитувана на 7-ми октомври 2020 г. каде тој ја игра улогата на Хенри Вингрејв, вујко на две деца кои живеат во проколнатата куќа, во која подоцна ја најмува и дадилката Блај која се грижи за неговите внуци додека тој мора да работи во Лондон. Гледачите на сериите биле изненадени кога сфатиле дека тоа е актерот што го отелотвори малечкиот Елиот во „И-Ти“. „Многу сум горд што го препознав“; „Само што сфатив дека тоа е Хенри Томас од култниот „И-Ти“, Ова е посебен ден“; „Се чувствувам старо“; „Не ми се верува дека тој го глумеше она дете, времето лета“ – коментираа на Твитер. View this post on Instagram Goopy. Thanks @schminkenfx for leaving my airways clear! You guys are great! #lifecast #specialeffectsmakeup #flanaganfilm A post shared by Henry Thomas (@hjthomasjr) on Jan 14, 2020 at 12:36pm PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 4. септември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 4. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила. Кариера Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи. Здравје и совет Можно е да се напиете во поголемо друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво. Кариера Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста. Здравје и совет Опуштете се со убава музика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател. Кариера Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо. Здравје и совет Не се замарајте со ситници. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања. Кариера Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува. Здравје и совет Созревате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение. Кариера Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте. Здравје и совет Немојте да се напиете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат. Кариера Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред. Здравје и совет Минливо недоразбирање со роднините. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол. Кариера За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им. Здравје и совет Не претерувајте со пиењето. Бик 21.4- 20.5. Љубов Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна. Кариера Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат. Здравје и совет Мали емоционални фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија. Кариера Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение. Здравје и совет Немојте да бидете тврдоглави. Рак 22.6-22.7. Љубов Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти. Здравје и совет Во добра форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност. Кариера Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете. Здравје и совет Помогнете им на колегите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИвица Боцевски во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ивица БоцевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЗдравјеКонсумирањето на овие намирници помага во намалување на стресот и подобрување на расположениетоУрамнотежената исхрана може да придонесе за подобро ментално здравје, подобар метаболизам, додека премногу преработена храна, шеќер и нездрави масти може да има спротивен ефект.Врската помеѓу исхраната и расположението е поврзана со начинот на кој одредени хранливи материи влијаат на процесите во телото, вклучувајќи го и создавањето на невротрансмитери кои играат важна улога во регулирањето на расположението. Посебно се издвојува медитеранската исхрана, која вклучува многу свеж зеленчук и овошје, риба, маслиново масло, јаткасти плодови и интегрални намирници. Таквиот начин на исхрана може да биде корисен за целокупното здравје, но и како дел од здравите животни навики кои ја поддржуваат менталната благосостојба. Која храна може да биде добар избор? За добро расположение, важно е да внесувате доволно витамини, минерали, здрави масти и аминокиселини. Меѓу намирниците што можат да бидат дел од балансирана исхрана, се издвојуваат следниве: Банани - содржат калиум и триптофан, аминокиселина која учествува во создавањето на серотонин. Ананасот и сливите содржат слични хранливи материи. Авокадо - е богато со здрави масти, витамин Б6, фолна киселина и триптофан. Компирите и анасонот - можат да бидат дел од исхрана што ги обезбедува хранливите материи потребни за создавање на серотонин. Спанаќот е добар извор на магнезиум, минерал кој игра важна улога во нормалното функционирање на нервниот систем. Магнезиумот се наоѓа и во мешунките, јаткастите плодови и интегралните житарки. Сушено овошје - урмите и смоквите содржат магнезиум и други хранливи материи кои можат да бидат корисни како дел од балансирана исхрана. Јајца - содржат протеини, аминокиселини и витамин Д, кои се важни за бројни процеси во телото. Цвекло - е богато со фолна киселина, која учествува во бројни процеси важни за нормалното функционирање на телото. Јогурт - може да придонесе за здравјето на цревниот микробиом, а сè повеќе внимание се посветува на врската помеѓу здравјето на цревата и менталната благосостојба. Чили - Зачинетата храна може да го стимулира ослободувањето на ендорфини, супстанции кои се поврзани со чувството на задоволство. Исто така е важно и доволното внесување витамин Д, кој може да се најде во храна како што се масна риба, јајца, тврди сирења и печурки. Освен исхраната, врз расположението и менталното здравје влијаат и други животни навики. Редовната физичка активност, престојот на свеж воздух, квалитетниот сон и доволното одмарање можат да бидат важен дел од секојдневната грижа за менталното здравје. Затоа, најдобриот пристап е да се комбинира разновидна и балансирана исхрана со вежбање и други здрави навики. Сепак, исхраната не може да го замени третманот за лечење депресија. Ако чувството на тага, летаргија, замор или губење на интерес трае долго време и значително влијае на секојдневниот живот, важно е да побарате стручна помош. Здравата исхрана може да биде дел од грижата за вашето здравје, но не треба да биде замена за соодветен третман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook