Кога е зафатен во пожар, електричниот автомобил најчесто е предодреден да изгори до непрепознатливост. Но не и на популарниот теренец на Ford, кој беше спасен од речиси безизлезна ситуација. Пожарот на Mustang Mach-E се случил од непозната причина, а на видеото од местото на настанот, од Гдањск, се гледа како автомобилот е делумно зачуван.
Како што јавуваат претставниците на државните служби, пожарот е ставен под контрола благодарение на брзата реакција, а по само неколку часа пожарот целосно бил изгаснат. За што полесно да стигнат до изворот на пожарот, пожарникарите успешно го навалиле автомобилот и потоа постојано ги полевале со вода батериите во подот за да се изладат. Два часа подоцна заканата од пожар била целосно отстранета.
Внатрешноста на автомобилот е целосно зачувана, како и значителен дел од надворешноста. Сепак, тоа ќе биде многу скапа попшравка, ако воопшто дојде дотаму. Мустангот е поверојатно да заврши за делови. Интересно е што ова е само втор случај на пожар на електричен автомобил регистриран во Полска.