3Искра Хаџи Василева даде свечена изјава за стапување на функцијата основен јавен обвинител во ОЈОГОКК
ЖивотСе роди бебе Ангела Меркел МухамедВо знак на благодарност за политиката на отворени врати кон мигрантите , сириско семејство на својата новородена ќерка и го дала името Ангела Меркел Мухамед .Името на девојчето е Ангела , средното име Меркел , а презимето Мухамед , објаснуваат од болницата во германскиот град Минстер , каде е родено бебето . Ангеле Меркел е родена на 16 ти август како петто дете во семејството на сириецот Халид Мухамед , кој со другите четири деца и сопругата стигнале во Германија во 2015- тата. Ова е второ бебе кое го добива името п канцеларката . Претходно , во февруари 2015- тата семејство од Гана , кои пристигнале во Хановер , му дале име на своето новороденче Ангела Меркел Аде.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБлокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата, должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана. Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација. Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата. Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари. Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена. Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација. Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година. Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден. Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември. Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители. Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката. Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook