Се разведува Карди Би, не сака да прости второ неверство

Првото рочиште е закажани за 4 ноември.

Пејачката Карди Би одлучила да се разведе од сопругот Офсет, а причината е неговото наводно неверство, пренесуваат светските медиуми.

Карди во вторник покренала судска постапка за да се разведе од мажот, а првото рочиште им е закажано за 4 ноември.

-Нормално дека не е во ред мажот да ја изневерува женат, но сакам да дадам втора шанса. Ќе се обидам да ги средам односите, ако е тоа возможно, изјави таа пред две години, која јавноста дозна за првото неверство, додека сега, изгледа, сепак дошол крајот на нивната романса.

ГОБ „8 Септември": Опремени сме со современи медицински потрошни материјали и лекови и нема никаков финансиски проблем

Опремени сме со современи медицински потрошни материјали и лекови и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање.

Менаџментот на Градската општа болница “8-ми Септември” ја информира јавноста дека болницата е спремна и подготвена во целост да пружи здравствена заштита на граѓаните во рамките на сите нејзини дејности.

Болницата е опремена со сите современи и врвни медицински потрошни материјали и лекови, и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање, како што беше презентирано од страна на Телевизија Телма.

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември" Скопје и понатаму останува посветена и силно подготвена во борбата со ковид-19, како и со сите останати болести и состојби кои го нарушуваат човечкото здравје.

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември"

Средба Бектеши -Брнз

САД е стратешки партнер на Македонија, поддршката на бизнисот е клучна за развојот на економијата

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз.

На средбата министерот и амбасадорката разговараа за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата.

Амбасадорката Брнз упати честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на министерот Бектеши за министер за економија.

Во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности на Министерството за економија во делот на енергетиката, трговијата, иновациите, поддршката на странските инвеститори, како и поддршката на младите претприемачи.

Министерот потенцираше дека од главните цели на Министерството за економија е поддршката на малите и средни компании со цел зголемување на нивната конкурентност, како на домашниот така и на странските пазари.

Министерот информираше дека во делот на реформите за подобрување на условите за водење бизнис Mинистерството изготви законско решение со кое се овозможува отварање на фирма со почетен капитал од 1 евро, што ќе значи дополнителен поттик за младите претприемачи да се охрабрат да започнат бизнис.

Во делот на енергетиката министерот се заблагодари на поддршката која што ја даде САД во изготвувањето на Законот за енергетика кој што е од стратешка важност за обезбедување на енергетска стабилност на државата.

Ја информираше амбасадорката за стратешките проекти во делот на енергетиката кои што се спроведуваат во моментов и кои е предвидено да се реализираат во наредниот период кои што ќе значат подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Двајцата соговорници се согласија дека клучен предизвик за македонската економија во моментот е справување со социо-економските последици предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид 19 како и мерките за рестарт на економијата.

Почна со работа балканската база на податоци со информации за 4.000 ретки болести

Почна со работа балканската база на податоци за ретки болести, регионален проект што ги вклучува Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија и Република Српска (БиХ), јави дописникот на МИА од Белград.

Координаторот на проектот, Бојана Миросављевиќ за РТС изјави дека „освен пребарување на информации за болестите, постојат и форуми за пациентите и лекарите и тоа ќе биде нивно прибежиште".

Базата на податоци е регионален проект кој ги вклучува Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија и Република Српска, истакна Миросављевиќ, мајката на малата Зоја, која почина од Батеновата болест и по која беше донесен законот за борба против ретките болести.

-За време на нашата борба се уверивме дека голем број пациенти и лекари не го знаат доволно англискиот јазик за да го користат во медицински цели, а единствените информации за ретките болести се наоѓа на европскиот портал -Orfanet на англиски јазик, рече Миросављевиќ.

Таа додаде дека повеќе од 4.000 ретки болести се преведени во базата на податоци.

– Она што е важно, освен пребарувањето на информации за овие болести, е дека постојат и форуми за пациенти, затворени форуми за лекари и тоа ќе биде нивно засолниште. Вмрежувањето на пациентите и лекарите е важно за нас, посочи Миросављевиќ.

Базата на податоци се наоѓа на интернет-адресата retkebolesti.com, а Миросављевиќ нагласи дека ова е почеток, дека проектот не е завршен, но дека е одлична база на податоци и основа за подобрување на положбата на пациентите.

притисни ентер