Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
Шоу бизСе разведе Мареј! Крај по 15 години брак, сега бара нова жена на апликација за запознавањеБратот на Сер Енди Мареј, Џејми, се разведе од својата сопруга по 15 години брак, пренесуваат медиумите.Ѕвездата на тенисот Џејми – кој е специјализиран за дубл – наводно се разделил од својата партнерка Алехандра Гутиерез во 2024 година. Двојката има заедничка ќерка Ава, стара три години, а разводот официјално им бил одобрен на 22 август годинава. Џејми (39) наводно се приклучил на познатата апликација за запознавање на славни личности „Raya“ и отворил профил користејќи слика од себе како игра тенис со својот брат, легендарниот Сер Енди. Седумкратниот грен-слем шампион на страницата се опишува себеси како атлет кој „патува низ светот играјќи тенис“. Семеен пријател за „The Sun“ изјавил: „Ова е навистина тажна ситуација. Се трудат максимално да го направат разводот што е можно попријателски.“ „Џејми веќе презема чекори кон тоа да запознае некој нов преку пријавување на апликации за состаноци.“ Портпаролот на Џејми, кој е поранешен број 1 во светот во дубл, го потврдил разводот за „The Sun“. Тој додал дека ова е „исклучително тежок период за Џејми и Алехандра“ – со семејството кое се обидува да ја испланира својата иднина. Џејми ја запознал Алехандра, која е од Колумбија, во 2008 година додека таа студирала бизнис во Лондон. Двајцата се венчале две години подоцна во родниот град на Џејми, Данблејн во Шкотска – на приватна церемонија со семејство и пријатели. Се верува дека Енди, кој претходно му организирал моминска вечер во Лондон, бил кум. Ова лето Џејми се врати на Вимблдон за своето прво првенство откако неговиот брат се повлече. И покрај поразите во првото коло и во машкиот и во мешаниот дубл, Џејми верува дека сè уште може да постигне успех во кариерата. „Секогаш имав ментален блок да играм по 40-тата година, но сега сум скоро таму – со роденден во февруари, и дефинитивно сакам да играм и следната година,“ изјави тој. Значи, веројатно ќе продолжам и во четириесеттите. Сè уште уживам во патувањата и натпреварите. Ранг-листата ми е доволна за да учествувам на најголемите турнири, а пензијата трае долго. Не сум имал сериозни повреди или операции. Телото ми е сè уште во добра состојба. Не играв баш најдобро последниве години, но сега почнувам да се враќам во форма. Сè уште мислам дека можам да направам добар резултат на големите турнири. Имав проблеми со сервисот – кој е најважниот удар во играта – но сега имам многу повеќе самодоверба со него.“ (Дејли Мејл)Тагови: Енди Мареј брак развод Џејми Мареј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16