Се разголи сопругата на Џорџ Клуни (ФОТО) - Канал 5

Се разголи сопругата на Џорџ Клуни (ФОТО)

Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни, повторно се најде во центарот на вниманието поради нејзиниот моден избор.

Се разголи сопругата на Џорџ Клуни (ФОТО)

Познатата адвокатка за човекови права важи за една од најстилските жени во светот, а нема издание на црвениот тепих каде што не добила пофалби од модните експерти.

За оваа пригода, таа избра црн и сребрен фустан изработен од проѕирен материјал без ракави, кој се карактеризира со два апсолутни трендови за оваа сезона - пократок преден дел што ги открива нозете и пресекувања на половината што создаваат илузија дека наместо фустан, е топ и здолниште.

Таа ја оставила нејзината прекрасна црна коса, и ја откри едната страна зад увото, истакнувајќи ги дијамантските обетки што беа единствениот додаток.

Атрактивните сандали со светкави камења, исто така, привлекоа големо внимание, и совршено се вклопија во оваа лелеава црна и сребрена комбинација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Министерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите.

Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.

СДСМ:  Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра.

Арамијата Мицкоски ги одби.

Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните.

Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните.

Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи.

Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните.

Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците.

Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата.

Тоа е арамиска власт.

Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување.

Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 14.9.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,960%, кај дизелот за 6,772%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 5,960% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,084%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,753%.

Во Одлуката на РКЕ е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и е продолжен намалениот износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Во исто време е применет и намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 99,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 114,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2026 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер