Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија - Канал 5

Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија

Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија и да има нова авиолинија Охрид - Карлови Вари.

Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување нови авиолинии, биле тема на разговорите меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел - Прага, на средбата што денеска се одржала во Прага.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски потенцирал дека Владата е максимално посветена на поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава и дека се спроведуваат политики на воспоставување на широка мрежа на линии низ Европа и светот.

Тој на средбата ги презентирал можностите и условите што ги нуди државата за нови авиокомпании заинтересирани за операции од двата домашни аеродроми, истакнувајќи дека Владата ја разгледува секоја можност за соработка, упатувајќи на условите за финансиска подршка за воведување на нови линии.

- На средбата се отвори и прашањето за соработка меѓу аеродромот во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, како и можноста за воспоставување на нова линија меѓу Скопје и Прага, имајќи ги предвид добрите билатерaлни односи меѓу двете земји и потребата од поблиска комуникација меѓу двата народи, се наведува во соопштението.

Вицепремиерот Николоски на средбата ги истакнал и потенцијалите на аеродромот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува Охридско-струшкиот регион, како предност за воспоставување на нова авиолинија до Охрид. Притоа била разгледана и можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид - Карлови Вари.

Во рамки на работната посета на Прага, вицепремиерот Николоски денеска остварил средба и со претставници на автомобилската компанија „Шкода“ на која се разговарало за идна сорботка.

Вицепремиерот Александар Николоски е во работна посета на Чешката Република, каде учествува на пленарната сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарците изгласаа забрана за приватни огномети, јавните остануваат дозволени

Гласачите во Швајцарија денеска на референдум одобрија забрана за приватна употреба на бучни огномети, и покрај противењето на владата и парламентот. 

Швајцарците изгласаа забрана за приватни огномети, јавните остануваат дозволени

Организираните јавни огномети на фестивали и национални прослави ќе останат дозволени. Според конечните резултати на Федералниот завод за статистика, 59,8 проценти од гласачите гласале за забраната, објавува германската агенција Дпа.

Референдумот Швајцарците го одржаа на барање на граѓанска иницијатива која предупреди за стресот и паниката што ги предизвикуваат гласните огномети кај домашните и дивите животни.

Јавните огномети остануваат дозволени

Забраната главно ќе се однесува на приватната употреба на огномети и се очекува да стапи во сила во следните две години. Организираните јавни огномети на фестивали и прославите на швајцарските национални празници ќе останат дозволени.

Забраната за огномет се дискутира во Германија со години, додека забраните веќе се воведени во некои европски земји, вклучувајќи ги Ирска и Холандија.

Владата и парламентот се спротивставија на забраната

Швајцарската влада и парламентот се спротивставија на забраната, истакнувајќи дека огнометите се традиција и израз на радост за многу луѓе. Тие исто така тврдеа дека бучавата ги вознемирува луѓето и животните само неколку дена во годината.

Меѓу аргументите против забраната беа можните големи финансиски загуби за пиротехничката индустрија.

Прскалките не се опфатени со забраната

Прскалките не се опфатени со новата забрана бидејќи не прават бучава.

Токму прскалките предизвикаа пожар во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана за време на приемот во 2026 година, при што загинаа 41 лице, а десетици беа повредени.

По трагедијата, употребата на рачни прскалки и пиротехнички фонтани беше забранета на затворени јавни простори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во Приштина: Мајка ги подведувала малолетните ќерки за пари, уапсени се три лица

Основниот суд во Приштина им одреди мерка притвор до 30 дена на тројца осомничени за тешки кривични дела трговија со луѓе и сексуална експлоатација на две малолетни девојчиња, од кои едната е нивната мајка.

Ужас во Приштина: Мајка ги подведувала малолетните ќерки за пари, уапсени се три лица

Одлуката ја донесе Одделот за сериозни кривични дела, постапувајќи по барање на Одделот за малолетници при Основното обвинителство во Приштина. Станува збор за иницијалите Е. Б., М. Ц. и Р. С., објави Телеграфи.

Според соопштението на судот, осомничената Е. Б. се товари за кривично дело трговија со луѓе, бидејќи е осомничена за груба злоупотреба на родителската положба и авторитет и овозможување сексуална експлоатација на сопствените малолетни ќерки во замена за пари и друга материјална корист. Од друга страна, М. Ц. и Р. С. се осомничени за користење сексуални услуги од жртви на трговија со луѓе.

Судот во своето образложение наведе дека мерката притвор од еден месец за сите тројца обвинети била неопходна. Клучните наведени причини се ризикот од бегство доколку бидат ослободени, реалниот ризик дека би можеле да влијаат врз малолетните жртви и да ја попречат истрагата, како и постоењето на специфични околности што укажуваат дека би можеле да ги повторат кривичните дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши политичката блокада во Шведска- познато е кој ја презема премиерската функција

Шведската партија на центарот официјално се согласи да се приклучи на планираната малцинска коалициска влада, која се очекува да му даде на лидерот на Умерената партија, Улф Кристерсон, доволна поддршка за втор мандат како премиер.

Заврши политичката блокада во Шведска- познато е кој ја презема премиерската функција

Шведскиот парламент, Риксдаг, ќе гласа во понеделник за тоа дали Кристерсон ќе биде избран за премиер, со што ќе се стави крај на повеќе од два месеци политички ќорсокак по општите избори во септември, објави шведската новинска агенција ТТ..

Шведските општи избори се одржаа на 13 септември, а социјалдемократите на Магдалена Андерсон освоија најмногу гласови, со 28,02 проценти.

Умерената партија освои 19,85 проценти од гласовите, по што следуваат Шведските демократи со 17,48 проценти, Левицата со 8,40 проценти и Партијата на центарот со 7,03 проценти.

Христијанските демократи освоија 6,17 проценти, Зелената партија со 6,12 проценти и либералите со 5,34 проценти.

Андерсон се обиде да формира влада со социјалдемократите, Партијата на центарот, Левицата и Зелените.

Сепак, Партијата на центарот одби да ја прифати Левицата во владата, додека Партијата на левицата инсистираше на добивање министерски места.

Како резултат на тоа, преговорите не успеаја.

Партијата на центарот, исто така, отфрли влада која би зависела од поддршката на крајно десничарските Шведски демократи.

На 24 ноември, Андерсон се откажа од обидот да формира влада.

Кристерсон беше премиер на Шведска од септември 2022 година до септември оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер