Се разбудивте без да се сеќавате што сте сонувале? - Канал 5

Се разбудивте без да се сеќавате што сте сонувале?

 Науката и стручните лица имаат објаснување за овој феномен! 

Се разбудивте без да се сеќавате што сте сонувале?

Ако ви се случува да сонувате нешто живописно, да се разбудите и воопшто да не се сеќавате на сонот, не сте единствените. Многумина од нас ги забораваат соновите, но научниците тврдат дека може да научиме како да ги паметиме. Според Дирдре Барет, истражувака на соништа од Медицинскиот факултет Харвард, кога сме во РЕМ (Rapid eye movement) фаза на сонот, која се карактеризира со висока активност на мозокот, што е видливо од брзото движење на очите, областите на мозокот задолжени за пренос на сеќавањата во долготрајната меморија се релативно деактивирани.

Оваа истражувачка на сонови објаснува дека за време на РЕМ фазата од сонот активни се областите на краткотрајна меморија, па она што го сонуваме го паметиме само околу 30 секунди. За да се сеќаваме на сонот, треба да се разбудиме во РЕМ фазата од сонот. Ако преминеме во следната фаза од сонот без да се разбудиме, тој сон нема да остане запаметен во долготрајната меморија, пренесува Саентификамерикан („Scientific American“).

Оваа фаза на сон се јавува на секои 90 минути и се продолжува во текот на ноќта. Првиот циклус трае само неколку минути, така што за време на осумчасовен сон, РЕМ фазата би траела добри 20 минути. Според докторот, последните часови од спиењето се најважни за сонување. Луѓето честопати имаат тенденција да го помнат последниот сон од ноќта - оној непосредно пред да се разбудат.

Жените повеќе паметат соништа од мажите

Д-р Барет, водејќи се од многу студии, наведува дека жените имаат тенденција повеќе да се сеќаваат на своите соношта од мажите, како и тоа дека младите луѓе повеќе ги паметат соништата од постарите. Исто така, меморијата на децата се зголемува од возраста на која тие можат да кажат што сонувале до раниот тинејџерски период, а после 20-тата година таа постепено опаѓа.

Сепак, и невролошките разлики кај луѓето го одредуваат начинот на кој ќе ги запомниме или нема да ги запомниме нашите соништа, а тоа го покажаа и некои студии за луцидни соништа, кои сонувачот ги памети добро и чувствува дека ги контролира. Ова сугерира дека некои области од мозокот поврзани со вниманието се поактивни кај луѓето кои повеќе се сеќаваат на соништата.

Можеме да го истренираме мозокот да запомни што сме сонувале

Клиничкиот советник Лесли Елис тврди дека можеме да го истренираме нашиот мозок повеќе да ги помни соништата. Таа ги советува клиентите кои сакаат да се сеќаваат на своите соништа, кога ќе се разбудат, пред да го придвижат своето тело, да размислат што сонувале. Ова, според неа, го поместува сонот од краткотрајна во долготрајна меморија.

Иако, во западната култура, соништата според многумина немаат смисла, докторката вели дека всушност тие се емоции што луѓето ги обработуваат во нивната будна состојба. Она што го потиснуваме во текот на денот преку соништата излегува на површина. Размислувањето за она што сме го сонувале и читањето за сонот, имаат краткотрајно влијание врз паметењето на сонот кај луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ.

Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле“ и прифаќање на атмосферските води.

,,МЖСПП спроведува инфраструктурна офанзива низ целата држава. На овој начин ги поставуваме темелите за вистински зелен пресврт”, изјави министерот Хоџа и дополни дека во тек е подготовка и на четири други значајни проекти со кои се модернизира комуналната инфраструктура на општина Гази Баба.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на системско решавање на децениските проблеми на граѓаните и подигнување на квалитетот на животот во секое населено место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија

Македонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети.

НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија

Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна.

Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на кој учествуваше и македонска делегација составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а предводена од претседателката и врховен командант на македонската Армија, Гордана Сиљановска – Давкова.

На состанокот стана збор и за заедничката безбедносна и одбранбена политика во рамки на ЕУ зашто „посилна Европа значи и посилно НАТО.“ Дополнително, учесниците разменија мислења и за актуелните безбедносни случувања во Украина и Иран како и за влијанието на Кина.

Во заедничката изјава по завршување на состанокот на лидери, министерот Мисајловски посочи дека пораката од сите европски земји е дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека земјава е дел од оваа европска политика.

„Ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, рече Мисајловски и додаде дека повеќето држави го поздравија придонесот која нашата земја го прави во поглед на колективната безбедност.

Македонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети. Дополнително од страна на министерот Мисајловски било нагласено дека земјава останува да биде одговорен и посветен сојузник кој активно придонесува кон колективната безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер