МакедонијаСе распаѓа објектот на Владата – фалат делови од фасадата, а дворот е полн со отпадоциВо било која земја кога ќе се кажа „зграда на Владата“ сите помислуваме на еден од најрепрезентативните објекти во државата, каде сѐ е уредно, бидејќи таа меѓу другото е и лицето на државата. Скопје, октомври, 2023-та година. Објект на Владата на Македонија, земја членка на НАТО, кандидат за дел од ЕУ. И тоа се убаво звучи, додека не ја погледнеме реалноста за тоа како изгледа и каков впечаток остава зградата и околината на еден од најважните објекти во земјава и симбол за државноста. Ова е четврти пат со ваква репортажа со која се онидуваме да ги разбудиме надлежности за катастрофалната и понижувачка состојба … реакција за жал нема. Овој пат малку ќе го смениме пристапот. Да направиме мала симулација. Странски политичар доаѓа во посета во Владата. Неместо да е се уредно и чисто, ова е оградата и зеленилото кој ќе го пречека. По овие скали треба да се качи да се поздрави со премиерот и министрите. Додека на платото се интонира химната, ова е призорот кој ќе го види. Фасадите на зградите од спротива се распаднати. Додека трае церемонијата ќе може меѓу другото да обрне внимание за целосната запуштеност, ѓубрето околу него. Меѓу искршените елементи е насобран отпад. На бандери на кои порано имаше цвеќиња сега висат стари кабли. Доколку странскиот политичар зачуден од општиот неред и катастродална хигиена, се сврти кон паркираните возила на делегациите ќе види преполн контејнер од кој претекува ѓубре. Да, ова е во дворот на Владата, ова е нашата реалност. Дури и движењето е небезбедно. Рѓосани метални жици можат да го прободат и повредат секој што минува оттука. Ако денот е топол, на гостинот сенка секако нема да држат дрвата во дворот на Владата, бидејќи се целосно исушени. Некои претставуваат и опасност. Купишта железен отпад со месеци и години стојат тука. За надлежните тоа не е проблем. Доколку според протокол делегацијата треба да положи цвеќе пред споменикот за борците од НОБ, ќе треба да поминат по овие уништени скали. Се распаѓа и платото. Некој како намерно да одбива да го донесе простосторот во елементарно пристојна состојба. Плочникот и се околу е искршено или поткршено. Самата фасада е приказна за себе. Буквално и фалат делови. На странскиот гостин тешко ќе може да му се објасни зошто фалат огромни делови од фасадата на Владата. Лажниот сторипорен луксуз се лупи. Вака е веќе со години, но освен срам за државата, од овој призор никој ништо добро не добива, освен може најефтини политички поени. Глетката е под секое достоинство. Дворот е и дом за бездомни животни. Ако при минатата посета во дворот на Владата најдовме дива депонија со стара покуќнина, сега таму има и детски чевли кои скапуваат во дворот на можеби најважниот објект во Македонија. Лани на 11 октомври, на настанот кога се положуваше цвеќе за борците од НОБ пред Владата, ја прашавме вицепремиерката Славица Грковаска зошто е дозволено вака да изгледа платото. Ова е одговорот… Наместо нешто да се стори состојбата да се поправи, една година подоцна ситуацијата е само полоша. И на овогодишното одбележување на 11 Октомври, вицепремиерката повторно ја прашавме истото... Во ваква безнадежна ситуација за ова прашање и повторен обид нешто да се промени ни остана само уште една опција… Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Граѓаните веќе гледаат: Платформата ЗНАМ 2.0 со писмо за дефокус токму пред Фон дер Лајен Кога стигна документот од Платформата-ЗНАМ 2.0? Вчера, токму пред прес конференцијата на Фон дер Лајен на која кажа дека македонските јазик и идентитет се добредојдени во ЕУ, на која кажа дека нема патокази за Македонија и го упати Мицкоски во Бугарија. Иако најавија дека два дена порано ќе го донесат писмото го донесоа токму еден час после нашиот прес за Лаура Ковеши и пред прес конференцијата на Фон дер Лајен. Уште еден дефокус. Да го тргат вниманието од главниот проблем: застанувањето на Македонија кон ЕУ . Далечинско кога болат фактите. Кога се случува? Кога СДСМ објавува дека услов за кандидатите е прво да се пушти во работа европското обвинителство. Еден час по прес-конференцијата каде се потврдува целата вистина којашто ја говори СДСМ, кога се потврдува целата вистина зошто Мицкоски не сака во Унијата. Кога имаме целосна потврда од Фон дер Лајен. Со месеци го говориме. Сега се потврдува. Лаура Ковеши пред членство. Не после. Кога се јави Платформата минатиот пат? Закажаа собир во хотел. Тргна медиумската поддршка од Орбан–Вучиќ медиумско небото. Кога беше тоа? Токму кога објавивме кој му плаќа на Мицкоски лобирање за состаноци. Кога објавивме за антимонот. Кога објавивме план за пет нови рудници за распродажба на Македонија. Кога откирвме дека Дејвид Гета не е „нула денари“ туку 5.53 милиони евра. Кога го откривме тендерот за фирмата поврзана со Ќуркчиев вреден 1,6 милиони евра. Кога ја откривме големата пљачка на Македонија. Кога го откривме тендерот Адамовиќ–Мицкоски, преку Божиновска, Лазаревиќ и Руднап. Од вчера има најава за нови таканаречени „паметни“ броила. Паметни се. За арамијата и екипата. Не за сметката на граѓанинот. Сега граѓаните гледаат дека повеќе не е чудно како работи Платформата знам 2.0. На далечинско. По потреба. Секогаш во важен момент, кога откриваме работи за иднината на земјата и на граѓаните - баш тогаш се јавуваат шемаџиите. ЗНАМ 2.0. Истите што седат со руската Левица. Анти-НАТО. Анти-ЕУ. Против стратешкиот партнер Америка. Баш со нив прават сојуз. Ете вчера Левица објави, средба во Москва, со Комунистичката партија на Русија. Немаат програма. Имаа тајминг. Нема антикорупција. Има корупција и дефокус. Писмото не е за СДСМ. Писмото е да не се зборува за признатиот македонски идентитет, заглавениот европски пат, Лаура Ковеши, за скандалите на власта, за рудници и за броила. СДСМ не влегува во шемата. Останува со граѓаните и ќе продолжи да се бори за нив и интересите на државата. Бандата бега од европски обвинител. Сателитите бегаат од темата. Народот веќе гледа кој кога се јавува! Наското доаѓа времето на вистина и правда. А бандата ќе одговара пред европско обвинителство! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook