„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
2„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
МакедонијаСе расчистува старата тетовска депонија за да се гради пречистителна станица за отпадни води Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, градоначалникот на Тетово Теута Арифи и Гир Јохансен, прв секретар на Амбасадата на Норвешка денеска беа на теренска посета во близина на село Фалише, каде се расчистува старата тетовска депонијаПо расчитувањето на депонијата, на истото место ќе почне градење на пречистителна станица за отпадни води за тетовскиот регион. Османи потенцираше дека проектот е важен за регионот, но и за целата држава. – Овој проект е мултидимензионален, не само по фактот што ќе исчисти една ваква депонија, но и ќе создаде предуслови да се гради пречистителна станица, отпадните води ќе ги чисти од целиот регион. Ќе покажеме одговорност и спрема регионот бидејќи оваа вода ќе оди во Грција, ќе станеме кредибилен фактор на регионот во заштита на животната средина и на граѓаните кои живеат на континентот, рече Османи. Расчитувањето на депонијата се прави со помош на норвешката Влада. – И Норвешка пред 25 години се наоѓаше во слична состојба и можеме да се пофалиме со фактот дека сега имаме повеќе од 2.700 пречистителни станица за отпадни води со што бенефит имаат граѓаните и животната средина. Така ќе биде и овде со реализaција на овој проект, рече Јохансен. Расчитувањето на дивата депонија треба да заврши до декември 2019 година. – Еден од стандардите за почеток на градба на пречистителна станица беше расчитување на оваа депонија. Во однос на проектната документација ги дадовме сите потребни дозволи, и за градба на пречистителна станица и на двата колектори, и со завршување на овој процес ЕУ нема да има проблем да продолжи со тендерирање и реализирање на проектот, изјави Арифи. Според предвидувањето, како што рече Арифи, потоа до 2022 година целиот процес треба да биде комплетиран и да се изгради пречистителната станица со средства од ИПА фондовите во висина од 30 милиони евра со кои ќе се градат цела станица, двата колектори и нови канализациски мрежи. Старата тетовска депонија се наоѓа на 67 илјади квадратни метри на патот од Фалише кон Стримница. Вкупно 170.000 кубни метри отпад се ископува и се транспортира во депонијата Дрисла. Чистењето, одлагањето на отпадот е финансирано од Владата и Општина Тетово со 2,3 милиони евра, додека транспортот на отпадот во износ од 700.000 евра е финансиран од Норвешка во рамки на проектот Нордиска поддршка за напредок на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во СалцбургПретседателката Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа сè уште е глобален играч?“. Предвидено е Претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на Сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и глобалниот семинар во Салцбург, наведуваат од кабинетот на Сиљановска-Давкова. Таа синоќа присуствувавше на свечениот прием за учесниците на самитот, приреден од градот Салцбург и сојузната покраина Салцбург. Претседателката вчера се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. Архангел Михаил" во Халејн, Австрија. Таа ги информираше за националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиСпоред Управата за хидрометеролошки работи денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Бутел, Гази Баба и Чаир денеска без струјаОд ЕВН Македонија информираат дека поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Гази Баба и Чаир.Во Општина Бутел, од 7:55 до 9:55 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Марко Крале“ и „Лубе Петровиќ“. Во Општина Гази Баба, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен од 9:00 до 13:00 часот за улицата „840“, дел од улицата „Благоја Стефановски“ и улицата „1“. Во Општина Чаир, од 10:10 до 12:10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Вуковарска“ и „Струмичка“. Од ЕВН апелираат граѓаните да ги земат предвид најавените прекини и навреме да ги планираат своите активности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter