ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
1ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
ЗдравјеСе работи на измени на законите и со добавувачи за лек за пациентите со цистична фиброзаМинистерството за здравство и Фондот за здравство заедно со клиниките што се задолжени за пациентитите со цистична фиброза – Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести веќе работат со потенцијални добавувачи. Работната група работи на промена на законите со цел да се обезбеди можност за купување директно на лековите од производител кој произведува патентиран лек и со тоа да може да биде достапен лекот по пониска цена од таа која што во моментот ја има, а еден лек е 330 илјади евра, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој, одговарајќи на новинарско прашање по настанот за традиционално закројување на лозје во село Ресава во Кавадарци, рече дека на состанокот со Асоцијацијата за цистична фиброза било договорено да се направи и протокол и процедури во однос на лекувањето на сите пациенти кои ја имаат оваа болест. - Сметам дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени и дека ќе може и овие пациенти кои навистина им е потребна помош, како и на секој друг пациент да биде овој проблем решен, рече Ковачевски. Прашан дали ќе побара одговорност од Фондот за здравство за болните од цистична фиброза, Ковачевски нагласи дека секој човек е одговорен да работи во рамки на тоа што се негови одговорности. -Јас кажав дека вакви работи во државата се случуваат заради тоа што ние имаме една невозможна бирократија и тоа во изминатите 31 година каде што најголем дел од институциите и поединци кажуваат како нешто не може да се направи наместо да биде целта како нешто може да се направи. И заради тоа ги имавме тие состаноци кои беа организирани се со цел што побрзо да се реши овој проблем. Парите, како што кажав, веќе се наменски определени, тие се доделени на Фондот за здравство кои потоа од Фондот за здравство се префрлаат во клиниките што потоа го купуваат лекот и каде што се лекуваат пациентите, рече Ковачевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани. Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош. Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција. ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности. На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани. Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?Вонредна здравствена состојба во Гостивар.Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење. Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата. Во меѓувреме издадена е забрана за пиење на водата во тој регион. Во Гостивар е нашиот Дејан Србиновски, до имаме во живо.. Дејан каква е моменталната состојба на лицата кои се затруени? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
НБАЛеброн Џејмс за својот иден НБА тим: Ќе биде забавноЛеброн Џејмс пред да избере нов НБА клуб изјави дека „без разлика каде ќе заврши оваа есен, ќе биде забавно“. Џејмс, кој влегува во својата 24-та сезона, неодамна објави на 41-годишна возраст дека ги напушта Лос Анџелес Лејкерс, со кои ја освои шампионската титула во 2020 година. И покрај ова, тој не се повлекува од кошарката и сака да им докаже на критичарите дека сè уште може да биде одлучувачки играч во лигата. „Се надевам дека навивачите и критичарите ќе ме следат. Каде и да одам, ќе биде забавно, ќе го правам она што го правам најдобро. Ме мотивира кога ми велат дека повеќе не сум доминантен играч“, рече Џејмс и се осврна на своето време во Лос Анџелес: „Поминав осум одлични години со Лос Анџелес Лејкерс, една од најпознатите франшизи во светот. Ќе ми недостига. Со нетрпение очекувам што носи иднината додека полека влегувам во крајот на мојата кариера“. Леброн Џејмс го држи рекордот во НБА по број на одиграни сезони (23), одиграни натпревари (1.622) и освоени поени (43.440). Досега има освоено четири титули во НБА, две со Мајами Хит, една со Кливленд и една со ЛА Лејкерс. Мајами и Кливленд се опции за враќање, додека потенцијалните заминувања во Голден Стејт или Минесота би значеле дека би играл за четврти НБА клуб во текот на неговата тешко повторувачка кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30