Се проверуваат листите за хируршки интервенции за пациенти кои подолго чекаат на ТОАРИЛУЦ - Канал 5

Се проверуваат листите за хируршки интервенции за пациенти кои подолго чекаат на ТОАРИЛУЦ

Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ ги проверува листите за хируршки интервенции за пациентите кои подолг период чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга.

Се проверуваат листите за хируршки интервенции за пациенти кои подолго чекаат на ТОАРИЛУЦ

- Раководство на ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ, предводено од проф.д-р Марија Јовановски-Срцева даде налог за проверка на сите листи за хируршки интервенции во рамки на оваа установа. По увид и анализа во листите за хируршки интервенции, од страна на тимот од Клиниката преку соодветен план и динамика ќе бидат контактирани пациентите, со посебен акцент на оние кои подолг период, односно повеќе од една или две години чекаат за да ја добијат оваа здравствена услуга, информираат попладнево од ТОАРИЛУЦ.

Според Јовановски-Срцева, овој проблем изминатиот период бил мапиран како еден од најгорливите проблеми со што се соочуваат пациентите и за таа цел, тим од Клиниката ќе ги контактира пациентите кои подолг временски период, односно повеќе од една или две години чекаат за хируршка интервенција.

- Ќе биде изготвен план и динамика во рамки на ресусите со што располага Клиниката за обезбедување на оваа здравствена услуга кај пациентите кои подолг период биле оневозможени да ја добијат оваа здравствена услуга, најавува таа.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

 Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека играчите на тимот се решени да го освојат Светското клупско првенство.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

- Ако ги погледнете четирите тренинзи што ги имавме во Лос Анџелес, можам да ве уверам дека желбата за победа е присутна. Тоа е нормално за овој тип играчи. Ќе покажеме многу добар резултат. Имаме амбиција да продолжиме да победуваме за да им го отежнеме животот на нашите противници, вели Енрике во интервјуто за „Марка“.

Светското клупско првенство во 2025 година се одржува од 15 јуни до 13 јули во Соединетите американски држави. ПСЖ ќе игра во група со Ботафого, Сиетл и Атлетико.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

притисни ентер