Се проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници - Канал 5

Се проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници

Се проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници поврзани со издавање согласности за функционирање на дискотеката.

Се проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници

Истрагата за несреќата во дискотеката во Кочани каде во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди се проширува и досега се опфатени вкупно 26 лица. Седум службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани се осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со издавање согласности за функционирање на дискотеката.

Со истражната постапка што МВР ја спроведува во врска со несреќата во Кочани досега се опфатени вкупно 26 лица, но, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вели тоа не е конечна бројка, односно дека како ќе тече истрагата ќе биде покрената истражна постапка против секое лице за кое ќе биде утврдено дека со постапување односно непостапување придонело да биде сторено кривично дело.

Тој, вчера на прес-конференција во МВР, рече дека во врска со конкретниот кривичен настан што се случи во Кочани се разгледува огромна документација, во истрагата се вклучени голем број експерти, како од Обвинителството така и од истражните тимови на МВР.

Службените лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, додаде, како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Основниот суд во Кочани вчера донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа, потврдија од судот за МИА.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Полициски службеници од одделот за крим полиција и организиран криминал вчера влегоа и во Општина Кочани, каде, како што информира претходно Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката.

Претреси се извршени и на две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција... а, исто така, претреси извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката.

Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а над 170 се повредени. Од вкупно 178 повредени, како што информира вчера Министерството за здрaвство, во јавните здравствени установи во државата се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом

Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом, инвеститорите ќе издвојуваат 10% од становите за млади брачни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом

Во тек е подготовката на двата специјални закони кои се однесуваат на младите брачни парови, а кои се очекува следниот месец да бидат доставени до Собранието.

Првиот закон се однесува на мерката со која на младите брачни парови ќе им се овозможи купување станбен простор по цени за 20% пониски од просечните пазарни цени остварени во текот на претходната година.

Анализите веќе се во тек, а првичните податоци покажуваат дека, на пример, во Општина Центар просечната пазарна цена на квадратен метар станбен простор во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра. Со предвидениот попуст од 20%, цената би изнесувала 1.530 евра за квадратен метар.

Секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект ќе има обврска да издвои 10% од станбената површина за лицата кои ќе ги исполнуваат условите утврдени со законот. Еден од условите е најмалку едниот од партнерите да биде на возраст до 35 години.

Вториот закон предвидува младите да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општината при изградба на сопствен дом. Оваа мерка веќе се применува во одредени општини, но целта е нејзино проширување и спроведување на територијата на целата држава.

ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден на мандатот работи на создавање подобри услови за живот на младите. Со овие два закона се прави чекор кон решавање на предизвикот со кој се соочуваат младите брачни парови, обезбедувањето сопствен дом, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Узбекистан и Казахстан повторно ја отворија границата, но само за 100.000 патници дневно

Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција.

Узбекистан и Казахстан повторно ја отворија границата, но само за 100.000 патници дневно

Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција, со надградени објекти дизајнирани да опслужуваат до 100.000 патници дневно во шпицот, објави денес „Еуроњуз“.

Отворањето се случува во време кога Узбекистан и Казахстан, двете најголеми економии во Централна Азија, ги зајакнуваат своите трговски и туристички врски, а Европската Унија се стреми да развие поефикасни транспортни врски со регионот.

Европската комисија го наведе развојот на Средниот коридор, кој ја поврзува Централна Азија со европските пазари преку Каспиското Море и Јужен Кавказ, како клучен приоритет, со цел тројно зголемување на трговските текови по должината на рутата и значително намалување на времето за транзит на товар до 2030 година.

Контролниот пункт Гишткуприк-Жибек Жоли, кој се наоѓа во близина на узбекистанскиот главен град Ташкент, регистрираше повеќе од 11 милиони преминувања на патници во 2024 година, или просечно околу 30.000 дневно. Иако повторно отворениот контролен пункт им служи на пешаци, патнички автомобили и автобуси, а не на камиони, се очекува неговата модернизација да биде од корист за товарниот сообраќај меѓу Узбекистан и Казахстан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон за борбата со ракот: Во болницата паѓав во несвест, па се освестував (ВИДЕО)

Кејт Мидлтон отворено зборува за својата борба со ракот, тешките времиња во болницата и емоционалното закрепнување во новиот документарец „Heal“. 

Кејт Мидлтон за борбата со ракот: Во болницата паѓав во несвест, па се освестував (ВИДЕО)

Принцезата од Велс (44) откри како болеста го променила нејзиниот поглед на животот, но и колку многу ѝ значела поддршката од нејзиното семејство.

30-минутниот документарец премиерно ќе биде прикажан во недела, 29 ноември, на Би-Би-Си. Го следи планинскиот предизвик на принцезата во кој се искачила на највисоките врвови во Шкотска, Англија и Велс за помалку од 24 часа, пишува People.

Се соочила со сопствената смртност

Кејт се присети на застрашувачките моменти во болницата, кога ја губела свеста и се враќала на свеста. Во еден од најтешките моменти, почувствувала дека некој ја држи за рака. Не открила за кого станува збор, но нагласила колку многу ѝ значело самото присуство на друга личност.

Признала дека за време на болеста имала чувство дека се изгубила себеси. Иако ја завршила хемотерапијата во септември 2024 година, а во јануари 2025 година објавила дека е во ремисија, емоционалното закрепнување траело многу подолго.

Пораките од децата ја расплакаа

Еден од најемотивните моменти од документарецот се случи на врвот на англиската планина Скафел Пајк, каде што нејзиниот брат Џејмс Мидлтон ги пушти видео пораките од нејзините деца.

Луис ѝ рече дека ја сака, Џорџ откри дека го следи нејзиното патување, а Шарлот ѝ кажа колку е горда на неа. Принцезата не можеше да ги задржи солзите и истакна дека нејзините деца се нејзината мотивација за закрепнување.

Откри што не направила по третманот

Кејт, исто така, откри дека по завршувањето на третманот, не заѕвонила на болничкото ѕвонче, што пациентите со онкологија традиционално го означуваат тој момент. Таа објасни дека дури и не знаела за овој обичај во тоа време.

Нејзиниот брат предложи освојувањето на три планински врвови да биде нејзин начин да го означи крајот на нејзиното лекување.

Болеста ги промени нејзините приоритети

Принцезата призна дека по болеста, поинаку гледа на времето што го поминува со своите деца. Сфати дека не мора да го исполнува секој споделен момент со активности и дека понекогаш е доволно едноставно да биде со нив.

За време на закрепнувањето, таа, исто така, најде голема утеха во природата. Со документарецот, тој сака да ги поддржи луѓето кои минуваат низ слични искуства, а приходите од неговата дистрибуција се наменети за добротворната организација за борба против ракот „Ројал Марсден“.

Дури и во документарецот, принцезата не откри од каков вид рак боледува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер