Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане - Канал 5

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане

Канал 5 по стапките на дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане за кој Обвинителството тврди дека веќе има докази оти убивал во серија. 

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане

Сепак, со ископувањето на уште едно тело и дополнителни ДНК анализи ќе се потврдува дали тој им пресудил на најмалку три жени.

Уште едно тело на 82 годишна жена од Драгоманце, селото каде што и осомничениот сериски убиец живеел, е ексхумирано и предадено на судска медицина. Доколку со обдукцијата се потврди дека и таа починала од насилна смрт, исто како 78 годишната Мира и 35 годишната Марија, бројот на жртви ќе се искачи, а од Обвинителството не ја отфрлаат можноста за ископување на други жени за кои постои сомнеж дека се убиени, иако биле погребани, а нивните случаи се затворени како да починале од природна смрт.

По патот низ селата во Старо Нагоричане го сретнавме Славчо Пешевски кој вели дека го затекнал дваесет и петгодишниот Трајко како ја демне куќата на Росанка Трајковска, бабата која истиот ден, за среќа, поради тоа што поминало комбе низ голема дупка на патот пред дворот, го преживеала обидот за убиство.

По нападот Росанка Трајковска едвај зборува. Се жали дека има модринки по целото тело, и веќе тешко објаснува што и се случило пред околу еден месец, кога дваесет и пегодишникот откако ја претепал, пробал да ја задуши со ќебиња врз глава.

Нејзиниот син вели дека мајка му била како карпа, но, по обидот да биде убиена за да се украдат пари од куќата, сега здравјето не ја служи. Гневен е бидејќи на надлежните долго време им требало за да го најдат напаѓачот, а по нападот го пуштиле на слобода.

Канал 5 мина низ Младо Нагоричане, Челопек, до Стрезовце, сите знаеја за кого прашуваме, но ретко кој сакаше јавно да зборува. Дојдовме и до куќата на починатата Марија, за која дел од мештаните зад камерата ни раскажуваа дека веројатно таа во моментите кога била усмртена била бремена, како и дека била во некаква врска со осомничениот. Дваесет и петгодишниот овчар кој дома кај очувот носел од култиватори до илјадници евра на сите им бил сомнителен, бидејќи бил на слобода иако се знаело дека краде, но никој не мислел дека е способен за убиства.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер