Се продава спортското Ауди на принцот Хари, цената е драстично намалена - Канал 5

Се продава спортското Ауди на принцот Хари, цената е драстично намалена

На интернет се појави реклама за спортско Ауди кое некогаш било во сопственост на принцот Хари.

Се продава спортското Ауди на принцот Хари, цената е драстично намалена

За разлика од првиот случај кога се продаваше во перфектна состојба со минимална километража, скапото Ауди било наголемо експлоатирано во последните години. Во текот на последните пет години, има поминато над 100.000 km, така што бројчаникот сега покажува 109.000 km. Некој очигледно уживал во возењето во еден од најбрзите и најпосакуваните автомобили на денешницата.

Audi RS6 е придвижуван од 4.0 V8 битурбо мотор со 560 КС, а е покриен со гаранцијата на Audi до 2025 година. Опремен е со нови пневматици P Zero, а целиот оглас можете да го погледнете овде.

Бараната цена за автомобилот моментално е 42.000 фунти. Многу или малку, проценете сами, но не заборавајте дека турбото Ford Escort RS на принцезата Дијана се продаде на аукција минатата година за неверојатни 650.000 фунти.

За потсетување, принцот Хари го продаде своето Audi RS6 во 2018 година по помалку од една година сопственост и поминати нешто повеќе од 7.100 километри. Автомобилот достигна цена од дури 71.900 фунти, а не е познато што точно се случувало со него сѐ додека сега повторно не се најде на продажба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер