Се продава шесткратниот првак на Европа за 25 милиони евра

Сопственикот на Панатинаикос, Димитриос Јанжакопулос денеска објави дека го продава шесткратниот европски шампион во кошарка за 25 милиони евра.

"Отсега Панатинаикос е на продажба за 25 милиони евра, како што кажав по грешка минатата година. Не ја зедовме во предвид вредноста на брендот. Според проценките, вредноста на клубот е 75 милиони, но јас нема да сменам ништо. Ќе остане 25 милиони", рече Јанакопулос, а оваа вест ја пренесе Еврохопс.

Јанакопулос одби да зборува за спортскиот сектор, но рече дека славниот клуб најверојатно ќе ја напушти Евролигата.

"Јас не реков дека заминуваме и одиме во ФИБА. Јас реков дека тоа е еднонасочна улица за мене. Мора да ги анализираме сите податоци. Се надевам дека одлуката ќе биде да се оди во ФИБА на крајот на краиштата", рече тој, осврнувајќи се на изјавата на лидерот на Евролига, Џорди Бартомеу, кој рече дека верува дека ПАО ќе остане дел од Евролигата.

„Се надевам дека луѓето што го преземаат клубот ќе го оспорат тоа и дека ѕверството наречено Евролига ќе се распадне“, додаде тој.

Тој рече дека смета дека Лигата на шампионите во ФИБА наскоро ќе стане најсилното натпреварување во Европа.

„Гледајќи го планот и парите што имаат намера да ги инвестираат на долг рок, верувам дека Лигата на шампионите ќе биде најмоќното натпреварување во Европа“, заклучи Гркот.

ПАО е меѓу десетте најголеми европски клубови кои потпишаа 10-годишен договор со Евролигата во ноември 2015 година. Во договорот има клаузула од 10 милиони евра ако некој клуб одлучи да го напушти натпреварот во тој период.

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата

Килијан Мбапе ја заврши мисијата во Пари Сен Жермен и прашање на време е кога ќе замине во Мадрид, во тоа нема веќе дилеми, барем според Фабрицио Романо, новинар кој е најпознат за фудбалските трансфери.

- Килијан Мбапе е презадоволен од сите разговори што ги има со Реал. Се верува дека е само прашање на време кога сагата ќе заврши, напиша Романо.

Потоа продолжи да ја објаснува ситуацијата.

- Мбапе донесе одлука. Тоа е Реал Мадрид и нема дилеми. Никогаш немаше намера да преговара со други клубови од првиот ден. Неговиот целосен фокус е на Реал Мадрид, напиша Романо.

Мбапе ќе замине во Реал кога ќе му истече договорот со ПСЖ, а Французите така и не успеале да го убедат да остане.

„Марка“ претходно напиша дека Мбапе ќе потпише петгодишен договор со Реал. Мбапе ќе биде најплатен во тимот, но не драматично повеќе од останатите. Ќе заработува 20 милиони по сезона и голем дел од парите од маркетиншки права.

Тоа значи дека ќе заработува речиси четири пати помалку отколку во ПСЖ каде во последните две години земал 72 милиони по сезона. Сепак, се очекува преку маркетинг да собере огромна сума на пари, а според некои проценки тоа би можело да го направи најбогат фудбалер во светот.

На крајот на краиштата, тој направи сличен потег како Мајкл Џордан неколку децении порано, а Мајкл денес е милијардер.

Речиси би било поетско доколку Мбапе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, но дотогаш овие два тима треба да ги исфрлат Борусија и Баерн.

Оваа сезона постигна 41 гол на 42 натпревари и запиша девет асистенции. Од доаѓањето во ПСЖ, тој одигра 302 натпревари со 253 гола и 107 асистенции. /МИА

притисни ентер