Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во Македонија
1Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во Македонија
АвтомобилизамСе продава автомобилот на Пол Њуман, под хаубата има вистински „ѕвер“ (ВИДЕО)Volvo некогаш беше познат по бескрупулозните комби, но овој редизајн оди подалеку од сѐ што е видено.Серијата 700 е една од оние на кои Volvo може да им се заблагодари за имиџот на неуништлив и бескомпромисен автомобил. Не е важно дали возите 200, 700 или 900, важно е само тоа што е еден од овие модели, велат најпосветените обожаватели на Volvo и возачки пуристи. И Пол Њуман, чиј 740 беше на аукција, многу добро го знаел тоа. Предметниот автомобил е произведен во 1988 година. Наизглед обичниот караван се одликува само со фаровите со „двојна коцка“, карактеристични за американизираните примери. Оние што знаат ќе забележат дека караванот седи пониско, а описот вели дека тоа е благодарение на Билштајн. Сепак, вистинската работа е под капакот. V6 е сè уште таму, но не таканаречениот PRV-ak, туку 3.8 V6 од Buick Grand National. Тој е усогласен со петстепениот мануелен менувач од Pontiac Firebird, а погонот е сè уште таму каде што треба - во задниот дел. Перформансите не се познати, но сосема е сигурно дека со најмалку 300 КС под хаубата не се безопасни. И тоа е тоа, филозофијата е многу едноставна. Автомобилот има поминато само 100.000 км. Аукцијата Bring-a-Trailer моментално чини 26.000 долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во МакедонијаРазвојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои Македонија се позиционира како се поатрактивна туристичка дестинација. Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции во туристичките капацитети и се обезбедува силна поддршка за руралниот туризам. Дека овие политики даваат резултати, потврдуваат и најновите показатели. Според извештајот на Светска банка, Македонија бележи најголем раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот, со раст од 40 проценти на годишно ниво на бројот на патници во пристигнување. Позитивниот тренд се потврдува и преку официјалните статистички податоци. Во првите пет месеци од годината бројот на странски туристи е зголемен за 23,6%, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7% во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки се доказ дека Македонија станува сè попривлечна за странските посетители и дека туристичкиот сектор бележи стабилен раст. Особено значајно е што туристичката сезона повеќе не е ограничена само на летните месеци. Сè поголем број странски туристи ја посетуваат Македонија и поради културниот, историскиот и гастрономскиот туризам во текот на целата година. Тоа значи повеќе можности за локалните заедници, поголема работа за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите и семејните бизниси, како и порамномерен економски развој во сите региони на државата. Паралелно со зголемувањето на туристичкиот промет, Владата работи и на подобрување на условите за нови инвестиции во туристичката индустрија. Се поедноставуваат процедурите за изградба на нови сместувачки капацитети и се создава поповолна деловна клима за домашните и странските инвеститори, со цел да се збогати туристичката понуда и да се подигне квалитетот на услугите. Посебен акцент се става и на развојот на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедуваат финансиски грантови за инвестициите во руралните средини, со кои се поддржуваат земјоделците, малите семејни бизниси и преработувачките капацитети. На тој начин се создаваат нови туристички содржини, се отвораат нови работни места и се поттикнува развојот на локалната економија. Почитувани, Со јасна визија, конкретни инвестиции и континуирана поддршка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да создава услови за понатамошен раст на туризмот, поголем број домашни и странски посетители и посилен економски развој на Македонија. Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Јамалов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаСДСМ: Економија на Мицкоски - Небото е граница!Ова веќе станува толку смешно, што кога не би се работело за животниот стандард на граѓаните, би можеле само да се смееме.Според Мицкоски и неговата криминална група ВМРО, Македонија е: • Трета економија во Европа (без коментар) • Прва по туризам (можеби поради екскурзијата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски). • Лидер во авио-сообраќајот (откако две авиокомпании ги укинаа линиите за Скопје) • Прв аеродром во Европа (најверојатно затоа што младите бегаат од земјата) • Најбрзо растечка економија (луѓето немаат за леб) • Најбрзо растечки минимални плати (платите останаа 400 евра - најниски во Европа) • Најголема куповна моќ (Ова најдобро го знаат граѓаните) • Најевтино гориво (дизел 100 денари) • Најдобри мерки за поевтинување (при секоја најава на мерки - сè поскапува) • Континуиран раст (на криминални тендери) • Индустриски раст (фабриките се затвораат BMZ и Artex, 3% помалку вработени) • Огромен инвестициски раст (инвестициите паднаа повеќе од 60%) • Седум квартали раст на БДП (Во последниот квартал само 0,3%. Трендот е забавување, а не забрзување). • Пензиите зголемени (пари за пензии нема, а вториот столб сакаат да го национализираат) • Буџетот во одлична кондиција (секоја недела ново задолжување) • Смален долг (државата ја задолжија со над 2,5 милијарди евра за две години) • Заштитени од енергетски шок (ММФ забележа дека ги користеле државните резерви на енергенси за да го ублажат шокот). Дали постои некој подобар од Мицкоски? Нема. Можеби само Вучиќ - бидејќи него го копира и црта на табла исто како него. А кога некој ќе почне да ти црта на табла, народот вели: „Толку ли си глуп што морам да ти нацртам?“ Граѓаните не се слепи. Не се глуви. А најмалку се наивни. Тие имаат своја секојдневна статистика - паричникот и фрижидерот. И таа статистика вели едно: и двете се празни. Изгледа Мицкоски бил првиот човек на Месечината. Веројатно затоа што рускиот космонаут одел со Лајка во посадата. Небото е граница за Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
КултураХоландска вечер и разговор со Никола Ристановски на четвртиот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“.Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 15 часот во Europe House Struga со разговор со Никола Ристановски, каде публиката и авторите ќе имаат шанса да зборуваат на тема „Дали ги поставуваме вистинските прашања?“ и да ги анализираат филмовите од програмата Студенти во фокус. Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за четвртиот фестивалски ден. Програма за 8 август (сабота) Локација: Europe House Struga 20:00 Проекции на холандска програма, селектирана од фестивалот Go Short How to catch a Butterfly, режија: Kiriko Mechanicus Anna's Freezer, режија: Jetske Lieber Water Girl, режија: Sandra Desmazières kiss kiss bang bang, режија: Ollie Launspach Heaven Will Wait, режија: Silver Tjepkema Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на студентска натпреварувачка програма Меѓународна програма Free Drum Kit, режија: Carmen Leroi Регионална програма Welcome Home, режија: Filip Jembrih Jandras The Cow, режија: Pavo Marinković Специјална програма „Соочување со минатото“ Memories of Occypation-Pyrgi, режија: Dimitris Argyriou Национална програма Mushrooms Grow in Memory, режија: Hanis Bagashov По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува музичката ОФФ програма со диџеј сет на Костадин Шурбановски. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Со почит, тимот на Дрим ШортТагови: Никола Ристановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook