ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност
1ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваСе претставил како жена, па за малку ќе ја освоел титулата Мис на Казахстан (фото+видео)Арина Алиева, 22-годишната финалистка од натпреварувањето Miss Virtual Kazakhstan 2018, неодамна ја шокираше јавноста со признанието дека всушност е маж. Сето тоа почнала со расправа во која Ели Диагиев, млад модел од Казахстан, сакаше со своите пријатели да докаже дека некогаш кај жените како најголем квалитет се ценела харизмата, додека повеќе млади жени денес сметаат дека најубави ги прават добрата облека, шминка и фризура. Ели додал дека, со помош на современата козметика, дигиталната обработка на фотографијата и фотошоп и генералното лажно претставување во индустријата за убавина, дури и маж денес може да помине како убава жена. Kazakistan'da yaşayan Eli Diaghilev adlı bir kişi, 'Miss Virtual Kazakhstan' güzellik yarışmasında finale kalınca erkek olduğunu itiraf etti. pic.twitter.com/8ntQNVeJFa — Mamafih365 (@Mamafih365) February 4, 2018 Неговите пријатели не се согласиле со него, па се одлучил да ги докаже своите тврдења на тој начин што се пријавил на натпреварувањето за виртуелна мис на Казахстан. Па така Ели станал Арина, а со оглед на тоа што од својата 17-та година работи како манекен, многу добро е упатен во популарните трендови кога станува збор за убавина. Се преправил, ги објавил своите фотографии на интернет и чекал реакции од публиката. Арина Алиева 24 года Шымкент #missvkz #mvk2018 A post shared by @ aalieva7252 on Dec 22, 2017 at 7:28am PST На изненадување на неговите пријатели, Арина влегла во финале, и имала големи шанси да победи на натпреварувањето. Сепак, бидејќи докажал дека е во право, Ели веднаш по прогласувањето на финалистите објавил видео во кое признал дека Арина не постои. Дијагиев истакнал дека немал намера да ги измами луѓето, туку да им докаже на младите девојки колку денес е лесно да се добие надворешната убавина – толку лесно, што дури и спротивниот пол може да го направи тоа. Ели затоа се надева дека неговата приказна ќе им помогне да научат повеќе да ја ценат својата индивидуалност и внатрешна убавина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независностОчигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија.Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата. Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски. Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат. Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја. Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка. Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист. Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место. Фактите победија, лагите паднаа. А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета. Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат. Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби. Тагови: пожар Шуто Оризари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаОпштина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов ликДетското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето. Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook