Се предаде 24-годишникот кој ја истепа својата партнерка и побегна преку прозорецот во СВР Битола - Канал 5

Се предаде 24-годишникот кој ја истепа својата партнерка и побегна преку прозорецот во СВР Битола

По пет дена во бегство, 24-годишниот битолчанец пријавен за насилство врз партнерката, кој избега преку прозор од СВР Битола, денеска доброволно се предал во битолската полиција.. 

Се предаде 24-годишникот кој ја истепа својата партнерка и побегна преку прозорецот во СВР Битола

Денеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.

Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола.

Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски кошаркар уапсен во Нигерија со речиси 34 кг канабис

Американскиот кошаркар Да'монте Кајри Грин е уапсен во Нигерија, откако во неговиот багаж на главниот аеродром во Лагос биле пронајдени речиси 34 килограми канабис. 

Американски кошаркар уапсен во Нигерија со речиси 34 кг канабис

Нигериската национална агенција за спроведување на законите за дроги (NDLEA) соопшти дека станува збор за 28-годишник од американската сојузна држава Џорџија. Тој пристигнал во Нигерија од Тајланд, патувајќи преку Обединетите Арапски Емирати.

Според Агенцијата, осомничениот тврдел дека играл професионална кошарка во Тајланд и дека дошол во Нигерија за да „воспостави деловни контакти“ за својата кариера. Тој сè уште нема дадено јавна изјава во врска со обвинувањата.

Уапсен е во средата, откако аеродромските службеници забележале дека оставил две парчиња чекиран багаж, а се обидел да излезе од терминалот носејќи само рачен багаж.

Во двете торби – на кои било испишано неговото име – властите пронашле 32 пакети од дрога позната како „Loud“ (Лауд), што претставува моќен вид на канабис.

Вкупната тежина изнесувала 33,95 килограми, а меѓу содржината бил пронајден и уред за следење.

Од Агенцијата дополнително наведоа дека прегледот на неговиот мобилен телефон открил материјали кои укажуваат на „негово знаење за активности поврзани со трговија со дрога и учество во нив“.

На страниците на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) се појавува играч по име Дамонте Грин, кој последен пат играл на 26 септември на Пукет Елит Купот во Тајланд.

Според Обединетите нации, Нигерија, која некогаш се сметаше првенствено за транзитна земја за шверц на дрога, сè повеќе станува земја на производство, потрошувачка и дистрибуција. Неодамнешните операции на NDLEA открија неколку лаборатории за производство на метамфетамин во индустриски размери.

Ова предизвика загриженост за врските меѓу нигериските производители на дрога и мексиканските нарко-картели кои се обидуваат да произведуваат и извезуваат дрога таму.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата.

Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението.

Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Деветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми..

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер