Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
2Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
ЗдравјеСе пожалил на болки во стомакот, докторите му извадиле лебарка од тенкото црево (ВИДЕО)Бизарен случај е снимен во болницата „Фортис“ во Њу Делхи каде се појавил 23-годишен млад човек.Се пожалил на неколкудневни стомачни проблеми, па бил тестиран. Пациентот објаснил дека конзумирал брза храна на локалниот пазар и се сомневал дека тоа е причина за неговите здравствени проблеми. Немл поим какво изненадување го чека. Лекарите решиле да направат ендоскопија на горниот дигестивен тракт, а потоа откриле лебарка во тенкото црево, пренесува Business Insider. Се испоставило дека за болката, варењето и гасовите е виновен инсект долг три сантиметри. „Лебарката во тенкото црево е опасна по живот. Продолживме со ендоскопија за да ја отстраниме. Во спротивно, можеше да предизвика тешка инфекција и потенцијално фатални компликации“, изјави д-р Шубам Ватсија. Во објавеното видео д-р Ватсија објаснува како тим од експерти ефикасно ја отстраниле лебарката и го спасиле пациентот, пренесува PTI News. Delhi News: पेट दर्द से परेशान था शख्स, डॉक्टर्स ने की जांच, तो आंत में दौड़ रहा था cockroach.#delhinews #cockroach #viralvideo #inkhabar #LatestUpdates pic.twitter.com/3SkNPZq5fk — InKhabar (@Inkhabar) October 14, 2024 Гастроентерологот шпекулира дека инсектот можел да влезе во устата на младиот човек додека спиел, или пак да го проголтал додека јадел. Овој необичен случај, сепак, не е единствен. Минатата година светските медиуми објавија сензационална вест од Австралија, каде лекарите извадиле жив црв од мозокот на неименувана Британка (64).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
МакедонијаАнгелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожарПред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата, информира првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.Со оган е зафатена борова шума. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаксим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та Првиот човек на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на социјалните мрежи се огласи за анкетата на МКД.мк.Бидејќи анкетите многу често служат за креирање а не за сондирање на мислење а со цел работите да бидат појасни ќе објавам само еден резултат. - Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та по нарачка на НДИ спроведена од агенцијата Маркет вижн Скопје на 1053 теренски испитаници, национален примерок (етничка припадност, пол, возраст). Повелете заклучокот изведете го сами?! - Јас лично сметам дека најдобрата анкета се добива на избори според резултатот, напиша Димитревски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!Англискиот фудбалер ги запали мрежите со свои жешки фотографии.Високите температури влијаат и врз фудбалерите на Светското првенство, а да не беше тоа, немаше да има лавина од коментари на социјалните мрежи за изгледот на англискиот ас Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец Џуд Белингем привлече огромно внимание на Светското првенство – до тој степен што социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии, а овојпат тоа нема никаква врска со фудбалот. Фотографите го овековечиле Белингем за време на еден тренинг додека бара „спас“ од горештината, па така се најде само во долна облека, а жените на социјалните мрежи им се заблагодаруваат на сите за овие снимки. Jude Bellingham during recovery session today🔋 pic.twitter.com/GjcJnNCcvH — Ria (@itsjudithworld) July 2, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook